Дали и вам ви се случува да ги слушате гласовите на ликовите од книгите?

Како и секој љубител на книги, сигурно и вам ви се случило да поминете цела ноќ во непрекинато читање книги. Особено кога ќе нѐ маѓепса книгата, тогаш едноставно не можеме да а испуштиме од раце. И по неколкучасовно непрекинато читање, можете да се заколнете дека го слушате гласот на ликовите од книгата.

Овој чуден феномен не ви се случува само вам! Според истражувањата 1/5 од сите читатели го имаат ова искуство, коешто се нарекува искуствено преминување.

Зошто е ова важно?

Ова е предмет на истражување поради тоа што многу читатели можат да се пронајдат во оваа. Освен тоа, читањето добра книга може тотално да ве обземе, а новите истражувања го поткрепуваат тоа.

09008c73-5fd8-4410-882d-9fc6aa705011-620x372

Поттикнување на сензорите во умот

Ако ги слушате гласовите на ликовите од книгите дури и откако ќе престанете со читање, не паничете. Искуственото вкрстување е сосема безопасно. Иако постои честа заблуда дека слушните халуцинации се знак за психолошки нарушувања како шизофренија, голем број луѓе кои ги немаат овие нарушувања слушаат гласови во нивните секојдневни животи, особено писателите и страствените писатели.

Во 2014, весникот „Гардијан“ се здружил со истражувачи за да испитаат 1500 посетители на Меѓународниот книжевен фестивал во Единбург. Според „Њујорк Магазин“, 400 волонтери давале свои примери за типовите сензорни искуства кои ги имале додека читале добра книга и откако ќе престанеле со читање. Овие искуства вклучувале чувствување на гласовите на ликовите, нивните реакции и за некои од луѓето тука влегувале и „пејсажите, времето, мирисите, допирите и звуковите“ опишани од самите ликови.

Зошто се случува ова?

Додека истражувачитe сѐ уште работат на откривање конечен одговор, тие забележале дека луѓето кои го искусуваат искуственото вкрстување исто така зборуваат самите со себе (уште една карактеристика која е изненадувачка). За некои читатели, тоа се случува затоа што можеби ликот ги потсетува на некој пријател или можеби на самите себе. Во тој случај, гласот на ликот можеби претставува дел од вашата личност.

Статијата е инспирирана од оваа објава.

Advertisements

One thought on “Дали и вам ви се случува да ги слушате гласовите на ликовите од книгите?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s