Водич за животот според Ернест Хемингвеј, претставен преку 20 негови мисли

И покрај тоа што е познат како писател, Ернест Хемингвеј бил исто толку познат и по неговата страст за авантури. Без оглед на тоа дали трчал со биковите во Памплона, рибарел во Бимини, пиел коктели во Хавана или се дружел со своите мачки во Флорида, Нобеловецот никогаш не правел нешто половично. И тој ги користел своите авантури како инспирација за своите книги, кратки приказни и истражувачки книги кои ги оставил зад себе. „И сонцето изгрева“, „Збогум на оружјата“, „Попладневна смрт“, „За кого бијат камбаните“ и „Старецот и морето“ се само дел од тие книги.

Тој е познат по тоа што секогаш пишувал прекрасни мисли кои знаат човек да го погодат директно во душата, а преку овие 20 мисли многу добро можеме да ја видиме животната филозофија на Ернест Хемингвеј.

ernest_hemingway_in_spain2c_1959

За важноста на слушањето

„Сакам да слушам. Научив многу работи од внимателно слушање. Повеќето луѓе никогаш не слушаат.“

За довербата

„Најдобриот начин да откриеш дали можеш некому да веруваш е да му веруваш.“

За одлучувањето за што да пишува

„Никогаш не морав да барам тема – мојата тема секогаш ме наоѓаше мене.“

За патувањето

„Никогаш немој да одиш на патување со некој кој не го сакаш.“

За врската помеѓу среќата и интелигенцијата

„Среќата кај интелигентни луѓе е најреткото нешто што го познавам.“

За вистината

„Не постои една работа која е вистина. Тие сите се вистинити.“

За лошата страна на луѓето

„Единствената работа која можеше да ми го расипе денот беа луѓето. Луѓето секогаш беа оние кои ја ограничуваа среќата, освен оние малкумина кои беа прекрасни како самата пролет.“

За страдањето за својата уметност

„Нема ништо посебно околу пишувањето. Едноставно седнуваш пред машина за пишување и крвариш.“

ernest_and_mary_hemingway_on_safari2c_1953-54

За преземањето дејства

„Никогаш немој да го мешаш движењето со дејствувањето.“

За искажување на зборовите

„Се будам наутро и мојот ум почнува да прави реченици и јас морам брзо да се ослободам од нив: да ги кажам или да ги напишам.“

За поволностите од спиењето

„Обожавам да спијам. Мојот живот има навика да се распаѓа кога сум буден, знаеш?“

За наоѓањето сила

„Светот ги крши сите и потоа, некои се посилни на скршените места.“

За вистинската природа на злото

„Сите вистински злобни работи започнале од невиноста.“

За пишувањето на тоа што го знаеш

„Ако писателот добро го познава тоа за коешто пишува, можно е да изостави неколку работи што ги знае. Достоинството на движењето на сантата мраз е само поради тоа што 1/9 од неа се наоѓа над водата.“

За дефиницијата на храброста

„Храброста е елеганција под притисок.“

За болката позади смеата

„Човек мора да претрпи многу казни за да напише навистина смешна книга.“

За оддржување на ветувањата

„Кога си трезен прави ги сите работи кои на пијано си рекол дека ќе ги направиш. тоа ќе те научи да си ја држиш устата затворена.“

За борбата помеѓу доброто и злото

„Што се однесува до моралот, знам само дека морално е она што прави да се чувствуваш добро, а неморално е она после кое се чувствуваш лошо.“

За достигнување на недостижното

„За вистинскиот писател, секоја книга треба да е нов почеток каде тој повторно се обидува да достигне нешто што е недостижно. Тој секогаш треба да се обидува да направи нешто што не е направено или нешто што другите се обиделе да направат, но не успеале. И тогаш, со многу среќа, тој ќе успее.“

За среќните краеви

„Не постои поосамен човек пред смртта, освен самоубиството, од човекот кој живеел  многу години со добра жена и потоа ја надживеал. Ако двајца луѓе се сакаат, тоа не може да заврши со среќен крај.“

Извор.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s