Што го инспирирало Умберто Еко да ја напише „Името на розата“?

Умберто Еко влезе во светот на меѓународната книжевна сцена во 1980 година кога ја објави својата прва книга „Името на розата“.

Во годините кои следуваа, Еко доби светски признанија за оваа книга и се етаблираше себеси како еден од најдобрите модерни писатели со неговите романи „Фукоовото нишало“ и „Островот на претходниот ден“.

eco

Пред да го напише романот „Името на розата“, Еко веќе бил истакнат лик во западните кругови за филозофија и книжевна теорија. Тој бил познат по своите конструктивни и детални книжеви критики и неговата работа во полето на семиотиката. Тој имал 48  години кога ја напишал својата прва книга и академскиот свет бил вчудоневиден кога тој ја открил својата скриена страст за пишување и раскажување.

Неколку години пред да го напише романот „Името на розата“, една пријателка на Еко која работела за некоја голема италијанска издавачка куќа му се јавила и му предложила да напише кратка детективска приказна која би била издадена во нејзиното списание. Еко ја одбил и на шега и рекол дека неговата детективска приказна би била долга 500 страни и дејствието би се случувало во некој средновековен манастир.

Со оглед на тоа дека Еко всушност бил историчар кој посветено го изучувал средновековниот период, оваа шега наскоро се претворила во идеја и Еко почнал да ги истражува историските и филозофските теми кои подоцна се претвораат во основата на заплетот во „Името на розата“. Тој започнал да работи на книгата со тоа што ги создал имињата на истакнатите монаси во неговиот замислен манастир.

387_1_5_14__12__5_2016541_34_29_10__5__5_2016screen20shot202016-05-0520at2010-29-27

Еко две години работел на „Името на розата“, а тоа делува како навистина краток период со оглед на тоа дека книгата има речиси 500 страни и во себе содржи неколку сложени филозофски концепти и огромен број интертекстуални референци. Му требале 8 години за да ја напише неговата следна книга, етеричниот и мистериозен роман „Фуковото нишало“, но трудот се исплател, бидејќи тој произвел уште едно ремек-дело во модерната книжевност.

Еко почина во 2016 година и вкупно има објавено седум романи. Во теоретските текстови кои ги има напишано на почетокот од својата кариера, тој постојано ја потенцирал идејата дека добрите писатели треба да изградат целосни и веродостојни измислени светови доколку сакаат нивните приказни да бидат автономни и ефективни.

Тој ја докажал валидноста на неговиот принцип во сите негови романи со тоа што создавал приказни кои ги вовлекуваат читателите во чудни, но сепак познати измислени светови.

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s