Македонска поезија: „Кршење, прекршување“ од Игор Исаковски!

Среда е прекрасен ден за споделување на македонска поезија. Се надевам дека ќе уживате во денешниот избор од поетот кој за жал прерано нѐ напушти!

Кршење, прекршување – Игор Исаковски

моментот кога се прекршуваш
низ себе: како бои од виножито
низ призма, како звук на стакло
врз мермер. боли моментот, доаѓа
ненајавен а очекуван. и ти доаѓа
да пееш, да се смееш, да танцуваш,
да не мислиш на себе додека
се прекршуваш.

па го фаќаш првиот воз
кон заборавот, со карта
во еден правец, без багаж.
би сакал да мислиш – без багаж.

пејзажите низ кои поминуваш
се совршени огледала на твојата
појава, на твојата душа, на твојот
божем незаинтересиран лик.
те клопоти возот, до првото
пристаниште: морето те повикува
со својата занесна бескрајност.

низ прекршувањето
на морските капки
гледаш виножита;
некаде далеку татни,
небото се крши.

6360411844855174551237708963_learning20to20love20yourself

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s