Џон Грин откри детали за својата нова книга!

Џон Грин е еден од омилените писатели на новата генерација млади луѓе. Речиси секоја негова книга е неверојатен успех, а секоја екранизација на неговите книги е уште поголем успех.

Неговите книги и приказни едноставно знаат како да се приближат до младите и да ги примамат да читаат книги.

WSJ. Magazine And Forevermark Host A Special Los Angeles Screening Of "Paper Towns"

Обожавателите на Џон Грин се многу среќни поради веста за новата книга, бидејќи поминаа 5 години откако тој ја издаде својата последна книга „Грешката во нашите ѕвезди“ која исто така беше неверојатен критички и комерцијален успех, а екранизацијата доживеа исто така голем успех.

По толку чекање, сега барем знаеме две работи: датумот на издавање и како ќе изгледа корицата на книгата.

Книгата се вика „Желка, до краj“, а корицата беше објавена во емисијата „Гуд морнинг Америка“.

Книгата ја следи тинејџерката Аза Холмс која го истражува исчезнувањето на еден милијардер додека истовремено се бори со своето опсесивно-компулсивно нарушување.

Оваа книга се поврзува и на лично ниво со Џон Грин, имајќи предвид дека во јули тој објави видео во кое зборуваше за својата лична борба со опсесивно-компулсивно нарушување.

Личната природа на книгата, како и зрелиот тон кој Грин најверојатно го развил за време на овие 5 години даваат впечаток дека оваа книга ќе доживее огромен успех.

 

Книгата ќе биде издадена на 10 октомври 2017 година.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s