Бил Гејтс: Најдобрите книги кои ги прочитав во 2017 година!

Многу добро е познат фактот дека Бил Гејтс е обожавател на книги и страствен читател. Тој вели дека чита околу 50 книги годишно и секогаш наоѓа време за читање. Освен тоа, на својата веб-страна тој често препорачува книги кои му оставиле впечаток.

Досега во два наврати имам пишувано за препораките на Бил Гејтс ( тука и тука), а денес на блогот ви ги претставувам книгите кои на Бил Гејтс му оставиле најголем впечаток годинава, па можеби ќе се инспирирате од неговата листа. Во продолжение прочитајте го текстот кој се појави на неговиот блог:

bill

Читањето е мојот омилената активност за задоволување на мојата љубопитност. Иако сум среќен поради тоа што поради мојата работа се запознавам со многу интересни луѓе и посетувам фасцинантни места, сепак мислам дека книгите се најдобриот начин за да се истражат нови теми кои ме интересираат,

Оваа година читав книги со многу различни теми. Навистина ми се допадна книгата Црни знамиња: Подемот на ИСИС“ од Џоби Варик. Ја препорачувам на сите кои сакаат одлична историска лекција за тоа како ИСИС успеаја да ја зграпчат моќта во Ирак.

Од друга страна, многу ми се допадна новата книга на Џон Грин, „Желки, до крај“, која ја раскажува приказната за една млада девојка која е во потрага по исчезнат милијардер. Книгата навлегува во сериозни теми како ментално здравје, но приказните на Џон се секогаш забавни и имаат многу книжевни референци.

Уште една друга одлична книга која неодамна ја прочитав е Бојата на правото“ од Ричард Ротстајн. Се обидував да научам повеќе за силите кои ја спречуваат економската мобилност во САД и ми помогна да ја сфатам улогата која федералните политики ја имале во создавање на расната сегрегација во американските градови.

Bill Gates

Имам напишано и подолги осврти на некои од најдобрите книги кои ги прочитав оваа година. Тие вклучуваат: мемоар од еден од омилените комичари, болна приказна за сиромаштијата во Америка, длабоко навлегување во историјата на енергетиката и не една, туку две приказни за Виетнамската војна. Ако сакате да се стуткате покрај камин со одлична книга во рака, нема да згрешите со ниту една од овие книги.

Најдоброто што може да го направиме“ од Ти Буи. Оваа прекрасна графичка книга е длабок личен мемоар којшто истражува што значи да се биде родител и мигрант. Семејството на писателката избегало од Виетнам во 1978 година. Откако  и самата родила бебе, таа одучила да научи повеќе за искуствата на нејзините родители, живеејќи во држава распарчена од странски окупатори.

Исфрлени: Сиромаштијата и профитот во американскиот град“ од Метју Дезмонд. Ако сакате добро да сфатите како се поврзани прашањата и работите кои ја предизвикуваат сиромаштијата, тогаш треба да ја прочитате книгата за кризата во Милвоки. Дезмон напишал брилијантен портрет за Американците кои живеат во сиромаштија. Тој ми даде подобра слика за тоа како е да се биде сиромашен во оваа држава од било што друго што имам прочитано на оваа тема.

Верувај ми: Мемоар за љубовта, смртта и џезерските пиленца“ од Еди Изард. Лична приказна на Изард е фасцинантна: тој преживеал тешко детство и неуморно работел за да го надмине недостатокот на природен талент и да стане меѓународна ѕвезда. Ако сте негов обожавател, како и јас, навистина ќе ви се допадне книгата. Неговиот глас во книгата е многу сличен на неговиот глас на сцената и на неколку делови се фатив себеси како се смејам на глас.

„Симпатизерот“ од Виет Тан Н’Гујен. Повеќето од книгите кои ги имам прочитано и филмовите кои ги имам гледано, а кои се однесуваат на Виетнамската војна, најчесто се фокусираат на американската перспектива. Оваа книга нуди многу потребен увид во тоа како било да си Виетнамец и да се фатен помеѓу два огна. Без оглед на тоа колку е мрачна, оваа книга е возбудлива приказна за еден двоен агент и за неволјите кои му се случуваат.

Енергетика и цивилизација“ од Вацлав Смил. Смил е еден од моите омилен писател, а ова е неговото ремек-дело. Тој дава еден преглед за тоа како нашата потреба за енергија ја обликувала човечката историја – од ерата на мелници до денешната потрага по обновлива енергија. Не е најлесна книга за читање, но на крајот ќе се чувствувате попаметни и подобро информирани за тоа како иновацијата во енергетиката го менува правецот на цивилизацијата.

Тука прочитајте ја оригиналната објава.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s