Книжевна препорака: „Слободна волја“ на Виктор Ремизов!

Драги љубители на добра книга, се ближи официјалниот почеток на зимата, а тоа значи уште поладни денови пред нас, но и повеќе време за читање. Доколку немате идеја што да читате, тогаш треба да се обидете со интригантниот роман „Слободна волја“ на рускиот писател Виктор Ремизов, кој досега бил во најтесниот избор за книжевните награди „Биг Бук“ и на рускиот „Букер“.

Се работи за една приказна за луѓето и за нивната волја за слобода во далечен исток на Русија

Покрај дивата тајга, брзите потоци полни со риба, самурите со скапоцено крзно и прекрасната, но понекогаш сурова природа, постои паралелен свет што упорно наоѓа начин како да се зацврсти, свет чиј темел се состои од корумпирани полицајци, ловокрадци и по некој залутан банкар од Москва.

25287149_10215209078485421_1322446488_n

Наскоро,  овие темели почнуваа да се разнишуваат благодарејќи на еден  амбициознен полициски службеник кој е жеден за напредок и унапредување и предизвикува конфликт помеѓу мештаните: ловокрадци кои се целосно рамнодушни за законите во земјата, локалната корумпирана полиција која им прогледува низ прсти и властите во Москва.

Кулминацијата на приказната се случува кога ќе го разнесат хеликоптерот на руските специјални сили, кој наводно треба да воспостави ред и дисциплина. Селскиот бард, многу почитуван поет, решава да им помогне на своите пријатели – ловокрадци и всушност тој е оној кој ја активира гранатата.

Ремизов со својот роман предизвикува едно специфично носталгично чувство кое нѐ потсеќа на социјалните раскази на кои изгледа дека подзаборавивме, но сепак истовремено успева да биде и целосно во тек со времето. Роман во кој природата, ловокрадците, селаните, полицајците и руската држава се испреплетуваат на начин кој води кон тоа да ја согледаме Ремизовата критика на денешното руско општество. Всушност, многумина потсетуваат дека оваа книга по дух е многу слична на филмот на Андреј Звјагинцев, „Левијатан“.

Изданието на книгата е на „Арс Ламина

Па така, доколку се двоумите што да читате следно, еве еден одличен предлог за вас, нешто ново и интересно, дефинитивно освежување на книжевната сцена!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s