Писмото на Курт Вонегат адресирано до луѓето од иднината!

Умот на Курт Вонегат, исто како и неговиот протагонист од „Кланица 5“, мора да се заглавил некаде низ времето. Како инаку тој би можел да ја пишува својата карактеристична сатирична, но искрена фикција и да биде толку хипер-свесен за минатото, сегашноста и иднината и тоа сето тоа да го прави истовремено?

Тоа сигурно било една од причините поради кои тој бил одбран за еден од ликовите за маркетинг кампањата на Фолксваген за списанието „Тајм“ во 1989 година, кога компанијата „контактирала неколку истакнати мислители и ги замолила да напишат писмо за иднината, односно неколку совети за оние кои ќе живеат во 2088 година.“

Gloom: The bad news these days is biological; says Vonnegut. We're animals; and we're destroying the

Писмото на саканиот и почитуван писател, адресирано до „Дамите и господата од 2088 година“, почнува вака:

„Беше кажано дека би ви биле добредојдени мудри зборови од минатото и дека неколкумина од нас од 20 век би требало да ви испратат неколку такви зборови. Дали го знаете овој совет на Полониус од „Хамлет“ на Шекспир: „Над сѐ: Биди верен на самиот себе“? Или што е со оние инструкции на св. Јован Богослов: „Плаши се од Бог и слави Го, затоа што дојде часот за Неговиот суд?“

Најдобриот совет од мојата ера за вас или воопшто за кого било во кое било време, претпоставувам дека е молитва која најпрво почнале да ја користат алкохоличари кои се надевале дека никогаш повеќе нема да земат пијачка во рака: „Боже дај ми сила да ги прифатам работите кои не можам да ги променам, храброст да ги променам работите кои можам да ги променам и мудрост за да го разликувам едното од другото.“

Нашиов век не беше баш толку слободен со мудри зборови како некои други векови, а мислам дека тоа е поради тоа што ние бевме првите кои имаа можност да добијат релевантни информации за човечката состојба: колку нѐ има, колку храна можеме да одгледаме или собереме, колку брзо се размножуваме, од што се разболуваме, од што умираме, колку штета им правиме на воздухот, водата и почвата од кои зависи животот на повеќето суштества и билки, колку насилна и бесчувствителна може да биде природата, итн, итн. Кој би можел да произведува мудрост покрај толку лоши вести кои постојано доаѓаат?

kv

За мене, најпарализирачката вест беше онаа дека Природата не е конзерватор. Не ѝ е потребна наша помош за распарчување на земјата и потоа повторно да ја соедини на поинаков начин, што не значи дека автоматски и ја подобрува, доколку го гледаме тоа од гледната точка на живите суштества.

Започнува пожари со громови. Преливаше огромни парчиња обработливо земјиште со лава и така помагаше за одржување на животот исто какошто тоа го прави и паркинг во голем град. Таа во минатото испрати глечери надолу од Северниот Пол за да сомеле големи делови од Азија, Европа и Северна Америка.

Ниту пак имаше каква било причина за да помислиме дека таа повторно не би го направила истото. Во овој момент, таа ги претвора африканските фарми во пустини и можеме да очекуваме да ги подигне брановите или во секое време врз нас да испушти бели топчиња од вселената. Таа не само што ги има истребено раскошно еволуираните видови, туку и има пресушено океани и има удавено континенти. Ако луѓето мислат дека Природата е нивен пријател, тогаш на нив сигурно не им е потребен непријател.“

Целото писмо можете да го прочитате тука,  каде Вонегат продолжува да дава свое толкување на перспективата на човештвото во тоа време, кога „сите се гледавме себеси како нов вид на глечери, топлокрвни и паметни, незапирливи, подготвени да се лапаме и потоа да водиме љубов и повторно двојно да се зголемиме.“

Потоа тој директно им поставува прашање на жителите од иднината: „Дали е возможно дека нишаневме со хидрогенски бомби едни кон други, подготвени да ги пуштиме да летаат, само за да ги одвратиме нашите умови од поголеми проблеми, како на пример колкави се очекувањата дека Природата ќе биде сурова со нас?“

vonnegut

И конечно, Вонегат дава седум заповеди кои се адресирани и до тогашните читатели, како и до читателите од иднината (меѓу кои сме и ние), кои имаат за цел да им помогнат на луѓето да го избегнат она што тој смета дека ќе биде ужасна катастрофа:

1. Намалете ја и стабилизирајте ја популацијата.
2. Престанете да го труете воздухот, водата и почвата.
3. Престанете да се подготвувате за војна и почнете да се справувате со вашите вистински проблеми.
4. Учете ги вашите деца, а и вас самите, кога сме веќе кај тоа, како да населите мала планета без да помагате во нејзиното уништување.
5. Престанете да мислите дека науката може да поправи сѐ ако и дадете три милијарди долари.
6. Престанете да мислите дека вашите внуци ќе бидат добро, без оглед на тоа колку сте вие деструктивни и штетни, затоа што тие ќе можат да се преселат на нова планета со помош на вселенски брод. Тоа е многу злобно и глупаво.
7. И така натаму. Или наваму.

Фолксваген го замолиле да гледа 100 години во иднината. Денес, кога повторно го пренесуваме ова писмо, има уште 71 година до 2088 и колку од нас би се сложиле дека и денес веќе ни се потребни повеќето, ако не и сите негови препораки?

Но, сепак Вонегат признава дека песимизмот го надвладеал, можеби сепак иднината ќе донесе Утопија и ќе биде место „каде никој нема да мора да излезе од дома за да оди на работа или во училиште или да престане да гледа телевизија. Сите ќе седат цел ден, притискајќи копчиња на компјутерски терминале кои се поврзани со сѐ и ќе пијат портокалова пијачка низ цевка како астроунаути“, смешна дистописка утопија и целосно непрецизна.

Извор.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s