Книжевен љубовен триаголник: Како настанал романот „И сонцето изгрева“ на Хемингвеј?

Ернест Хемингвеј бил прилично зафатен во 1926 година. Тој тукушто го завршил својот прв роман „И сонцето изгрева“, кој е базиран на едно патување во Шпанија, коешто се случило претходната година. На неговиот другар Ф. Скот Фицџералд навистина му се допаднало делото и работел на тоа книгата да биде објавена под капата на издавачката куќа „Скрибнер“, истата издавачка куќа која го објавила и неговиот роман „Големиот Гетсби“.

hemingway-hero

Но, Фицџералд сакал Хемингвеј да го избрише првиот дел од романот, а тоа би водело кон значителна промена во тонот. Фицџералд морал тоа нежно и дипломатски да му го соопшти на Хемингвеј, имајќи предвид дека Ернест прилично тешко прифаќал критики и во такви моменти се однесувал како мало дете.

Покрај првото поглавје, тие исто така морале да најдат начин како да го извадат Хемингвеј од обврските кои ги имал кон друг издавач. Тие успеале да го направат тоа со тоа што на таа издавачка куќа ѝ го понудиле сатиричниот роман „Потеклото на пролетта“, дело кое знаеле дека ќе биде одбиено, а тоа значело дека Хемингвеј може да си бара друг издавач.

Човекот од издавачката куќа „Скрибнер“ се нафатил да го купи овој сатиричен роман, само за да можат да ја добијат шансата да ја издадат „И сонцето изгрева“. Во тоа време, Хемингвеј бил во Австрија, на одмор со сопругата и синот и оттаму се упатил во Њујорк за да го потпише договорот со „Скрибнер“. Кога се враќал назад во Австрија, тој прво наминал во Париз за да се види со Паулин Фајфер, со која бил во врска. Сосема е можно тој да се заљубил во неа само поради фактот дека таа била единствената која сметала дека „Потеклото на пролетта“ е добар роман.

ernest_and_pauline_hemingway2c_paris2c_1927
(Ернест Хемингвеј и Паулин Фајфер)

Аферата со Фајфер не била обична љубовна афера. Хемингвеј имал репутација на женкар затоа што тоа одговарало на сликата за него како мажествен маж кој убива носорози. Но, тој навистина бил заљубен во Паулин и сакал да најде начин како таа врска таа успее. Секако, тој не можел да најде зрел начин како да ги реши работите, па кога неговата сопруга Хедли искрено го прашала за таа афера, тој избувнал и ја обвинил што воопшто ја споменува таа тема.

Како и да е, покрај сите драми и сплетки, на крајот Хемингвеј го издал својот роман кој постигнал огромен успех, а и ја разрешил својата љубовна драма со тоа што Хедли поднела барање за развод, а тој следната година се оженил со Паулин.

Во продолжение погледнете го интересниот стрип кој накратко ја опишува целата драма пред објавувањето на романот:

hemingway-main-580-revised

Извор.

 

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s

%d bloggers like this: