Опери инспирирани од книжевноста!

Сите сме навикнати да ги гледаме нашите омилени книги на големото платно и на малите екрани. Режисерите постојано се обидуваат да ни ја доловат магијата на нашите омилени книги. Тоа е сосема нормално и вообичаено. Но, можеби не сте знаеле дека сосема вообичаено е да се прават опери кои се базирани на книги.

Има нешто навистина прекрасно во тоа да ја видите вашата омилена книга преточена во опера. Од омилените класици до модерни бестселери, денес на блогот можете да прочитате 13 познати романи кои биле преточени во опери.

teatro-alla-scala-milano-zero-opera

„Големиот Гетсби“ – Ф.Скот Фицџералд

Оваа класична приказна за богатството и луксузот била прилагодена и претворена во опера во 1999 година од страна на Џон Харбисон. Операта наишла на многу поделени критики. Иако операта значително се разликувала од книгата во некои делови (крајот особено бил различен), сепак се држела до оригиналниот заплет и тонот. Весникот „Њујорк Тајмс“ рекол дека „премногу имала почит за Фицџералд, премногу за свое добро.“

„Алиса во Земјата на чудата“ – Луис Керол

Оваа опера на Унсук Чин од 2007 година, која е базирана на „Алиса во Земјата на чудата“, ги доловува сите тие фантазерски квалитети на самата книга. Операта истовремено е мрачна и фантастична, операта (која целосно можете да ја гледате тука) речиси целосно го следи оригиналниот дијалог, вклучувајќи ги и познатите загатки од романот.

„Плодови на гневот“ – Џон Штајнбек

Приказната на Џон Штајнбек за миграцијата на едно семејство во времето на Големата депресија е дефинитивно епска. И според „Њујорк Тајмс“, оперската адаптација, напишана од Рики Ијан Гордон и Мајкл Кори во 2007 година, е приближно еднакво амбициозна, раскажувајќи ја приказната на музички стил кој инспирацијата ја црпи од американските балади и холивудските мјузикли.

„Лолита“ – Владимир Набоков

„Лолита“ на Владимир Набоков е чудна, но необично интересна и оперска приказна. Како и многу други класични опери, романот ја раскажува приказната за забранетата љубов. Операта е навлегува во многу мрачни територии. Напишана е од Родион Шкедрин, кој е познат по неговите адаптации на „Ана Каренина“ и „Мртви души“.

Операта била изведена во Стокхолм и тоа на шведски јазик, затоа што според неколку извори, Холивуд  во 1994 година веќе ги имал откупено правата за адаптација на еден од светските јазици. Подоцна оваа опера играла и во Москва и била номинирана за наградата Златна маска.

„Смрт во Венеција“ – Томас Ман

Како и „Лолита“, книгата на Томас Ман се фокусира на опседнатоста на еден стар човек со едно помладо момче. Тој го гледа, но никогаш не зборува со него. Операта е напишана од Бенџамин Бритен во 1973 година и го решила проблемот со тоа што главниот лик на постариот човек бил нем танчер, наместо пеач. Операта била објавена како филм, снимена во Венеција во 1981 година.

„Љубов и други демони“ – Габриел Гарсија Маркес

Композиторот на оваа опера базирана на делото на Маркес бил Питер Еотвос и својата премиера ја доживеала во 2008 година. Критичарите го фалеле композиторот, но упатиле остри критики за тоа дека либретото на Корнел Хамваи речиси целосно го избришал латиноамериканскиот контекст на романот.

„Малиот принц“ – Антоан де-Сент Егзипери

Оваа толку сакана книга за деца била преточена во опера од страна на Рејчел Портмаан и Николас Врајт и својата премиера ја имала во 2003 година. Веќе во 2004 година, ББС одново ја реконструирале операта за да може да ја биде прикажувана и на малите екрани. Видеото погоре е токму тој обид на ББС.

„1984“ – Џорџ Орвел

Операта на Лорин Мазел, создадена врз основа на дистописката книга на Орвел, ја имала својата премиера во 2005 година во Ројал Опера Хаус. Во сцената која можете да ја видите погоре, толпата преку песна ја изразува својата омраза кон непријателите на Океанија и тоа го прави пред слика на Големиот брат.

„Приказна за робинката“ – Маргарет Атвуд

Базирана на феноменалната книга на Маргарет Атвуд, оваа опера е компонирана од Пол Рудерс и својата премиера ја имала во 2000 година. Слично како и кај „1984“ се работи за дистописка книга со многу мрачен тон.

„Моби Дик“ – Херман Мелвил

Употребувајќи компјутерска графика и неверојатна сценографија за да се долови приказната, оваа опера има за цел да ја приближи оваа комплицирана приказна кон генералната публика. Операта ја имала својата премиера во 2010 година и го следи истиот заплет, иако ја има скратено приказната и го промениле името на Ишмаил во Гринхорн.

Извор.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s