Што треба да знаете за „Дневникот на Ана Франк“?

„Дневникот на Ана Франк“ е еден од најискрените записи од Втората светска војна. Дневникот на едно младо девојче кое се крие во поткровјето на една куќа и кое има свои соништа и надежи бргу го освои светот и денес служи како еден потсетник за одвратните злодела кои прерано прекинаа толку многу животи и уништија толку многу животи.

Денес на блогот прочитајте нешто повеќе за најпознатиот дневник на светот.

anne20frank20family202
(Колаж од семејството Франк: Ото, Едит, Ана и Марго)

Најпознатиот дневник на сите времиња

Дневникот на Ана Франк, кој оригинално е напишан на холандски јазик и е објавен во Холандија во 1947 година под името Het Achterhuis: Dagboekbrieven 12 Juni 1942–1 Augustus 1944 („Тајниот анекс: Записите во дневникот од 12 јуни 1942 година до 1 август 1944 година“), првично имал тираж од само 1500 изданија, но оттогаш станал еден вид феномен. Досега е преведен на повеќе од 60 јазици. Во 2009 година бил додаден во Светскиот регистер на спомените на УНЕСКО.

Куќата во Амстердам во која се криела Ана Франк за време на војната, денес е позната како Куќата на Ана Франк и е убедливо најпосетуваното место во Холандија, а Ана има и своја страница на Фејсбук, која има повеќе од 2.4 милиони следачи. Деца ширум светот сѐ уште и пишуваат писма на Ана како таа да е нивна пријателка. Несомнено таа остана позната како вечното дете.

Девојката позади дневникот

Анелис Мари Франк била родена во Франкфурт на 12 јуни 1929 година. Денес има спомен-плоча на местото на куќата во која била родена. Ана била второто и најмало дете на асимилирано еврејско семејство. Нејзината сестра, Марго Бети Франк, која била три години постара од Ана, исто така водела дневник, но нејзините записи никогаш не биле пронајдени.

Марго била посериозната сестра. Ана била многу интелигентна, но разговорите со другарчињата во училиште лесно ѝ го одвлекувале вниманието. Откако Хитлер ја зграпчил власта во 1933 година, семејството на Ана пребегнало во Амстердам за да избега од растечкиот анти-семитизам во Германија.

d320e71acde6850c4dfcef2986dfd6e1

Ајде сега да се фокусираме на самиот дневник. Ана го одбрала дневникот – тетратка чии корици имале црвени и бели коцкички и имал мал катанец. Дневникот бил подарок за нејзиниот 13 роденден. Во него, таа најчесто се обраќа на замислена другарка и најчесто ги почнува записите со „Драга Кити“.

Овој роденден, во 1942 година, бил последниот роденден на Ана пред семејството да почне да се крие. За да го прослават роденденот, нејзината мајка испекла колачиња за Ана да ги почасти другарчињата во училиште, а Ана уживала и во домашната забава на која имало пита од јагоди и соба која била уредена со цвеќиња.

Криењето

Ана, нејзината сестра Марго, мајка ѝ Едит и татко ѝ Ото, почнале да се кријат на 6 јули во 1942 година, оставајќи ја зад себе омилената мачка на Ана, која се викала Муртје. Всушност тие планирале да побегнат на 16 јули, но откако Марго добила повик да се пријави во германски работен камп, тие решиле да ги забрзаат своите планови.

Наскоро им се придружиле уште четири Евреи, Херман и Аугусте ван Пелс и нивниот син Питер, момчето во кое Ана се заљубила и Фриц Фефер, германски заболекар.

Тие се криеле цели две години и 35 дена. За тоа време, таа не можела да го види небото, не можела  на своја кожа да ги почувствува ниту сонцето, ниту дождот, не можела никаде да се прошета. Ана се фокусирала на учење и читање книги за европската историја и книжевност.

Таа исто така се грижела за својот изглед: ја виткала својата темна коса и ги средувала своите нокти. Таа правела список со работи кои сонувала дека еден ден ќе ги купи, како: „кармин, моливче за веѓи, купки за капење, парфеми, сапуни и пудра.“ ( Тоа го запишала во својот дневник на 7 октомври 1942 година)

journal

Соништа за иднината

Додека се криела, Ана сонувала дека еден ден ќе се врати во училиште и посакувала да помине една година во Париз и една година во Лондон. Таа сакала да учи историја на уметност и сакала течно да зборува неколку јазици додека разгледува прекрасни фустани и прави „секакви возбудливи работи“. На крајот заклучила дека сака да биде „новинар, а подоцна и позната писателка“. (Запис од дневникот направен на 11 мај 1944 година)

Препишување

На 28 март 1944 година, Ана и нејзиното семејство слушале радио-програма на ББС која нелегално била пренесувана преку радиото „Оранје“ (гласот на холандската влада која била во прогонство). Герит Болкенстајн, холандскиот министер за образование, уметност и наука, која пребегал во Лондон, во емисијата рекол дека имал цел да собира сведоштва од искуствата на холандските граѓани под германска окупација. Ана веднаш почнала да го препишува и уредува нејзиниот дневник за да биде добар за објавување. Овие преуредени записи ги именувала „Тајниот анекс“. Таа го правела ова додека во исто време го водела нејзиниот првичен, поприватен дневник.

Неуспешното ослободување

Ото, таткото на Ана, редовно го слушал радиото Оранје за да се информира за напредокот на Сојузничките сили. Тој имал мала мапа од Нормандија која ја обележувал со мали црвени иглички. На 6 јуни 1944 година, Ана возбудено напишала: „Дали е ова навистина почетокот на долгоочекуваното ослободување?“ За жал, не било. Два масеци по слетувањето во Нормандија, полицијата го открила скривалиштето на семејството Франк.

anne-frank-house7(Тајниот премин кој водел кон собата каде што се криело семејството)

Заробеништвото

На 4 август 1944 година, три дена по последниот запис на Ана во нејзиниот дневник, Ана и нејзиното семејство, заедно со останатите луѓе кои се криеле заедно со нив биле уапсени. Наводно полицијата добила анонимен повик за скривалиштето и таткото на Ана до крајот на животот бил убеден ден некој ги предал (иако има и други теории).

Ана прво била испратена во Вестерборк, транзитен камп во Холандија, а потоа била испратена во Аушвиц-Биркенау. Токму во овој камп умреле највеќе луѓе – се проценува дека бројката била најмалку 1.1 милион луѓе, а 90% од нив биле Евреи.

Ана и нејзината сестра го преживеале Аушвиц, а потоа биле испратени во кампот Берген-Белсен. Двете девојки умреле од тифус, многу кратко пред кампот да биде ослободен од британската армија на 15 април 1945 година. Сѐ уште не е откриен точниот датум на нивната смрт, но се претпоставува дека најверојатно умреле во март, само неколку недели пред ослободување на кампот. Марго имала 19 години, а Ана имала 15 години.

Последниот преживеан

Ото Франк е единствениот член на семејството и единствениот од луѓето кои се криеле во анексот, кој ја преживеал војната и концетрационите кампови. Тој се вратил во Амстердам по ослободувањето на Аушвиц и во текот на патувањето дознал дека жена му починала. Во јули 1945 година се сретнал со една од сестрите Брилеслијпер кои биле заедно со Ана и Марго во кампот Берген-Белсен и всушност тогаш дознал дека неговите ќерки не преживеале.

Миеп Гиес e жената која ги криела и која по заробувањето го нашла дневникот на Ана и го сочувала во случај да се врати. Таа му го предала дневникот на Ото. Ото Франк подоцна изјавил: „Почнав бавно да читам, неколку страни на ден, не можев повеќе, затоа што бев преплавен од болни спомени. За мене тоа беше просветлување. Во тој дневник запознав една комплетно различна Ана од детето кое го изгубив. Целосно бев несвесен за длабочината на нејзините мисли и чувства.“

Откако долго време се двоумел околу тоа дали да го објави нејзиниот дневник, тој на крај се одлучил да ја исполни желбата на ќерка си, а остатокот е историја.

Извор 1.
Извор 2.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s