Македонска поезија: „Еден човек“ од Гане Тодоровски!

Денес е петок, прекрасен ден за македонска поезија, па така на блогот можете да прочитате една прекрасна песна на Гане Тодоровски.

Еден човек – Гане Тодоровски

Има еден има еден
Многу многу многу човек –
Белки цело човештво?!
Чунки живо божество?!

Има еден има човек
Од човека почовек е:
Прецедена човештина!
Препечена убавина!

Топлината на душата
Ти ја дава да се згрееш;
Бистрината на главата
Ти ја дава да успееш…

Тој со зборови те гледа,
Тој со очите ти збори –
Малкузборник – многусторник
Те облекува во грижи.

Го сретнеш ли, ти среќата
За цел живот ќе ја имаш,
Го видиш ли – видовит си,
Го снема ли – тешко тебе!

Има таков многучовек,
Твоето е да го бараш –

goodguy5

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s