Запознајте ја жената која до крајот на животот патела по Александар Пушкин!

Таа била музата на големиот руски поет, жената која ја смирила неговата немирна природа и жената за чија љубов се умирало. Историјата ја помни како големата и фатална љубов на поетот Александар Сергеевич Пушкин, а нејзиното име е Наталија Николаевна Гончарова.

Таа се родила во 1812 година во областа Тамбов, каде нејзиното семејство живеело за време на окупацијата врз Москва од страна на војската на Наполеон. Таа потекнувала од семејство на угледни трговци и индустријалци кои се занимале со производство на хартија.

brulloff_alexander_portrait_of_n_n_pushkina

Кога нејзиното семејство одлучило да се пресели во Москва, Наталија била задолжена да се грижи за нејзиниот дедо. Живеејќи на неговиот имот, таа со него го поминала своето детство.

Во меѓувреме, нејзиниот татко душевно оболел и како резултат на тоа, нејзиното семејство живеело во тешки услови. Меѓутоа, Наталија растела далеку од сите тие работи и била опкружена со безгранична љубов и внимание. Имала сѐ: слатки, играчки, фустани, шешири. Растела во раскош. Сепак, нејзиното секојдневие не било исполнето само со материјални работи.

Дедо ѝ бил образован човек, зборувал германски, француски и англиски јазик, пишувал стихови на руски јазик и свирел на виолина и виолончело. Многу ги ценел образованите луѓе, па затоа и решил да ја образува својата внука. Уште од мали нозе ја учел да пишува, да чита и зборува француски јазик. Со помош на својот дедо, таа израснала во вистинска дама која уште од своите први девојачки денови го привлекувала вниманието и почитта на мажите.

Кога имала шестнаесет години, го запознала познатиот руски поет Пушкин на еден бал. Тој уште тогаш имал репутација дека е човек кој многу лесно се заљубува и кој бргу ги заборава жените. Но, уште од првата средба со Наталија, сѐ било поинаку. Таа била дама со фини манири, образована, раскошна и убава. Веднаш сфатил дека со неа сака да го помине остатокот од својот живот и ја побарал нејзината рака.

standbeeld2(Споменик на Наталија и Александар Пушкин пред нивниот некогашен дом во Москва)

Нејзината мајка отпрво се противела на овој брак, сметајќи дека таа е премногу млада за брак и семејство. Меѓутоа, упорноста на Пушкин надвладеала и конечно тој добил дозвола да се ожени со убавата девојка.

Наталија и Пушкин се венчавале во 1830 година.

Според некои историски извори, на самата свадба се случиле неколку настани кои Пушкин ги протолкувал како лош знак. Прво крстот и Библијата паднале на под, а потоа се изгасила и свеќата која тој ја држел.

Тие живееле во Москва, во куќа на улицата „Арбат 53“, куќа која Пушкин ја измајмил после нивната свадба. Денес оваа куќа е претворена во музеј посветен на големиот поет. Пред музејот има споменик на Наталија и Пушкин.

Наталија и Пушкин имале четири деца. Тој уште од самиот почеток бил маѓепсан од неа. За него таа била идеална жена и мајка. Не му сметало тоа што таа сакала раскошен живот, забави и луксуз. Успехот на својот сопруг не го ценела премногу и никогаш не ги читала неговите дела, но тој ја сакал и покрај тоа. Меѓутоа, нејзината убавина и префинетост често го привлекувало вниманието на мажите, а тој многу тешко го прифаќал тоа.

pushkin2bduel

За него, пресудна била средбата помеѓу Наталија и Жорж Дантес, француски емигрант кој служел во руската гарда. Пушкин збеснал поради тоа што Дантес јавно се обидувал да ја заведе неговата жена и истовремено го исмевал него. Во екот на својата лутина го предизвикал Дантес на двобој. Тој двобој за чест и љубовта на својата жена ќе биде последниот животен двобој на Пушкин. Тој бил погоден од првиот куршум, а после два дена им подлегнал на здобиените рани.

Животот на Наталија после смртта на Пушкин

Седум години по смртта на Пушкин, Наталија Гончарова се омажила за генералот Петар Петрович Лански. Од тој брак добила уште три ќерки. Лански бил добар човек, па децата од бракот со Пушкин ги сакал и одгледувал како свои. И во овој брак таа била сакана и почитувана.

Смртта на Наталија

Таа заболела од болест на белите дробови, а и нејзиното срце не било здраво. Семејството многу ја сакало, па сите се труделе да ја лечат на најдобриот начин. Се лечела и во Русија и надвор од неа. Меѓутоа, не можела да се опорави од воспалението на белите дробови и умрела во 1863 година во Петроград.

Според сведоштвата на нејзините деца, иако се премажила и била сакана и после смртта на Пушкин, таа никогаш не го преболела тој двобој. До крајот на животот патела за рускиот поет. Петок бил ден во кој таа никогаш не излегувала и не јадела. Тоа бил нејзин начин на жалење и нејзин начин со кој му оддавала почит и чест на својот сакан Пушкин.

Извор.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s