Знаеш дека читаш книга од Харуки Мураками кога…

Харуки Мураками е јапонски писател кој е еден од најпознатите светски писатели. Неговите дела се преведени на речиси 50 јазици и има продадено десетици милиони примероци од своите книги. Мураками е човек кој има разновидни вкусови и интереси, но неговиот препознатлив стил на пишување многу бргу доаѓа до израз кога еднаш ќе се задлабочите во неговите дела.

hmurakami

Еве неколку теми кои постојано ги красат неговите дела и по кои тој е најпрепознатлив:

Мачки

Знаете дека се работи за дело на Мураками кога во него ќе сретнеме мачка која на одреден начин или форма ќе му помогне на главниот протагонист. Овој извадок од „Хрониката на птицата која навива часовник“ совршено го покажува овој факт:

„Држејќи го ова меко, малечко живо суштество во мојот скут на овој начин и гледајќи како спие со комплетна доверба во мене, почувствував топло чувство во моите гради. Ја ставив мојата рака на градите на мачорот и го почувствував неговото срцебиење. Пулсот му беше слаб и брз, но неговото срце, како и моето, го имаше распределено времето во неговото малечко тело кое беше услогласено со сета моја нетрпелив сериозност.“

Музика

Мураками е огромен обожавател на музика, особено на класична музика, џез, Битлси, Боб Дилан, итн. Неговата љубов и почит кон музиката најдобро може да се прикаже преку оваа мисла од книгата „Заварената Земја на чудата и крајот на светот“:

„Музиката носи еден топол сјај на мојот вид и ми ги одмрзнува умот и мускулите од нивното непрестано зимување.“

Frankfurt Book Fair 2014

Храна – особено тестенини/шпагети

Во речиси секоја книга на Мураками го гледаме главниот лик како проаѓа низ долг процес на подготовка на јадење и тоа е нешто што секогаш го смирува. Еве уште една мисла од „Хрониката на птицата која навива часовник“:

„Решив повторно да направам шпагети за ручек. Не е дека бев гладен. Но, едноставно не можев да продолжам да седам на каучот и да чекам да заѕвони телефонот. Морав да го поместам моето дело и да почнам да се придвижувам кон остварување на некава цел. Го наполнив тенџерето со вода и додека чекав да зоврие, подготвував доматен сос додека слушав радио.“

Паралелни универзуми (или нешто слично на тоа)

Речиси секоја книга на Мураками постои во универзум кој станува чуден на одреден начин. Главниот лик речиси секогаш го губи прегледот на линиите кои обично го раздвојуваат реалниот свет од потенцијалниот замислен свет. Херојот на приказната речиси секогаш ќе помине низ чудно патување или момент на неверување за светот околу него, како што тоа може да го видиме во овој извадок од „IQ84“:

„Едноставно, ти си на пат да направиш нешто коешто е надвор од вообичаеното. И откако ќе направиш нешто такво, секојдневниот поглед на работите можеби малку ќе ти се промени. Работите можеби ќе ти изгледаат различно во споредба со порано. Но, не дозволувај изгледот да те залаже. Секогаш постои само една реалност.“

Љубов

Најчесто невозвратена, изгубена или неверојатно комплицирана, книгите на Мураками многу често зборуваат за љубов. Главниот лик можеби никогаш нема да биде се сретне или да ја најде личноста која ја посакува, но љубовта секогаш останува многу силна тема во секоја книга на Мураками. Оваа мисла од „Јужно од границата, западно од Сонцето“ ги покажува чувствата на љубов, загуба и прифаќање:

„Таа долго време имаше посебно место во моето срце. Јас го чував ова посебно место само за неа, како знак на кој пишува „Резервирано“ поставен во тивкиот агол во некој ресторан. И покрај фактот што бев сигурен дека никогаш нема повторно да ја видам.“

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s