Што треба да знаете за романот „Црвено и црно“?

Дејството на книгата „Црвено и црно“, која многумина ја карактеризираат како првиот реалистички и психолошки роман, е сместено во втората деценија на 19 век, во периодот на Бурбонската реставрација која следела по падот на Наполеон. А самиот Наполеон е идол на младиот, згоден и амбициозен Жилиен Сорел.

stendhal-100_v-variantbig16x9_w-576_zc-915c23fa

Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за овој интересен роман:

  • Фридрих Ниче бил голем обожавател на овој роман. Рекол дека откривањето на романите на Стендал била вистинска среќа за него, позиционирајќи го овој автор рамо до рамо со Достоевски.
  • Андре Жид рекол дека овој роман е пред своето време и дека е наменет за читателите од 20 век, векот во кој самиот Андре припаѓал, а романот е издаден во 1830 година.
  • Жан Пол Сартр во својата драма „Нечисти раце“, на својот јунак му го дава псевдонимот Жилиен Сорел, што всушност е името на главниот јунак во романот.
  • Џојс Керол Оутс признава дека романот „Црвено и црно“ многу влијаел на создавањето на нејзините дела и јунаци.
  • Не треба ни да се спомнува дека ова дело често се наоѓало на „црните листи“ со субверзивни книги и била забранувана секаде ширум светот, што е доволна причина за секој кој сака да чита да ја прочита оваа книга и да види зошто светските моќници толку се плашеле од оваа книга.

Жилиен Сорел е одлучен да се издигне над баналностите на провинциското секојдневие. Со заминувањето од провинција и доаѓањето во Париз, Жилиен увидува дека тоа издигнување мора да се одигра под одредени париски социјални и политички правила кои допрво мора да ги научи, усвои и успешно да ги примени.

Па така, во Жилиен го има она што може да се препознае и кај Растињак на Балзак, но и кај Расколников на Достоевски. Тројцата се борат со расипаноста, извитопереноста и искривеноста на општеството, двоумејќи се помеѓу револтот и прилагодувањето, додека се обидуваат да го сочуваат изворното херојство и изворната чистина во себе.

Испитувањето на границите на сопствените моќи и јасното читање и разбирање на светот отсекогаш било она што ги плаши големите играчи на светскиот бал на суетноста и расипаноста.

stendhalredandblack08

Во продолжение прочитајте неколку интересни мисли токму од овој роман:

„Господин Валено на некој начин им рекол на месните бакали: „Дајте ми двајца кои се најглупави помеѓу вас“, на судиите: „Покажете ми двајца незналици“, на лекарите: „Именувајте ми двајца најголеми шарлатани.“ А кога ги собрал најбесрамните од секоја професија и им рекол: „Да владееме заедно.“

„Во 19 век, кога моќниот и отмен господин ќе се сретне со храбар човек, тој обично го убива, прогонува, затвора или понижува, такашто овој умира од тага во својата лудост.“

„Тешко на оној кој се истакнува!“

„Патникот кој тукушто се искачил на стрмна планина, седи на нејзиниот врв и совршеното задволство го наоѓа во одмарањето. Но, дали би бил среќен кога би го приморале секогаш да се одмара?“

„Морате да внимавате и да ја чувате вашата совест од овие слабости: претерана чувствителност кон залудниот сјај на надворешниот свет.“

„Во нивните очи тој го имаше оној голем недостаток: тој мислише, тој расудуваше со својата глава, наместо слепо да се придржува до авторитети и примери.“

„Жилиен залудно се обидуваше да се прави мал и глуп, тој не можеше да им се допадне, премногу беше поинаков од останатите.“

„Мора ли човек кој сака од земјата да го отстрани незнаењето и злосторството да провее како виор и сосема случајно да прави зло?“

„Е, господине, романот е огледало коешто се носи на голем пат. Тоа во вашите очи во еден момент одразува небесно синило, а во друг момент одразува кал на патот. А вие би сакале да обвините човек кој носи огледало во кошничка дека е неморален! Неговото огледало покажува кал и вие го обвинувате огледалото! А подобро е да го обвинувате големиот пат на кој се наоѓа калта или надзорникот на патиштата кој дозволува да се собира вода и да се создава кал.“

 

Извор.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: