Македонска поезија: „Тишина“ од Славко Јаневски!

Денес е петок, прекрасен ден кој го означува почетокот на викендот, а воедно е и прекрасен ден за споделување македонска поезија. Денес на блогот можете да ја прочитате прекрасна песна „Тишина“ од Славко Јаневски.

Тишина – Славко Јаневски

Кога булките ќе се истргнат од својот корен
и ќе појдат
една по една
кон својот залез
не следи ги.
Свадби веќе нема,
на секој чекор стои по една есен
смешна, бела и гола.

Кога булките ќе остават зад себе пустош
затвори го во себе дождот.
Нека ѕвони во олукот на твоите жили
под еден познат таван.
И молчи.

Кога ќе падне ветрот на твојот прозор
со три писоци танки
и плач на незрел жерав
пак молчи.

Булките мразеа говор.

5eaadeac043683c52bce7818880720e9

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s