Неколку класици кои се неверојатно кратки!

Кога човек ќе спомене класик, обично прво што им паѓа на ум на повеќето луѓе е долга книга од стотици и стотици страни. Но, тоа не е секогаш случајот како што впрочем и ќе видите подолу.

Овие книги се вистински ремек-дела во книжевноста, а сепак можете да ги прочитате за навистина кратко време! (Иако како што тоа се покажало во многу наврати, должината на книгата понекогаш не игра никаква улога врз тоа за колку време човек ќе ја прочита книгата)

anthony-tran-378336

Старецот и морето“ – Ернест Хемингвеј

„Старецот и морето“ е еден од најголемите класици, а воедно е и книгата која е најзаслужна за тоа што Хемингвеј ја добил Нобеловата награда. Оваа книга за стариот рибар и неговата борба со рибата е всушност длабока метафора на борбата на човекот со сите непријатности во животот, но и неговата сила да ги надмине сите препреки.

Покрај тоа, книгата е навистина кратка. Бројот на страни варира од тоа кое издание го читате и на кој јазик, како и самиот превод, но книгата е навистина кратка и доколку не сте ја прочитале, дефинитивно треба да ја ставите на вашата листа!

Божиќна приказна“ – Чарлс Дикенс

Ако веќе не сте ја прочитале оваа книга, тогаш сигурно сте гледале некој од филмовите или цртаните филмови инспирирани од оваа книга. Зарем некој не ја знае приказната за стариот скржавец кој на Бадниковата вечер е посетен од три духови: Духот на Минатото, Духот на Сегашноста и Духот на Иднината?

Во секој случај се работи за една прекрасна, мудра и топла приказна која морате да ја прочитате. А и навистина е кратка, такашто немате изговори! 🙂

Френи и Зуи“ – Џ.Д Селинџер

Оваа книга на некој начин е две во едно. „Френи“ е кратка приказна која првпат била објавена во 1955 година и „Зуи“, краток роман првпат објавен во 1957 година. Но, подоцна биле споени во едно и оттогаш се издаваат како една книга „Френи и Зуи“. Приказните се вртат околу брат и сестра од семејството Глас, за кои Селинџер бил неверојатно заинтересиран. Стилот на Селинџер е прекрасен и вие едноставно морате да ја прочитате оваа приказна!

Глувци и луѓе“ – Џон Штајнбек 

Џорџ и Лени се најдобри другари, работници кои немаат речиси ништо и кои се борат за своето парче леб. Тие добро ја познаваат суровоста на светот, обидувајќи се да го најдат своето место во него. Се работи за прекрасна книга која е кратка, но извонредно моќна. Штајнбек е маестрален писател кој знае да биде магичен и со книга од 684 страници („Источно од рајот“), но подеднакво се моќни неговите приказни и кога се напишани на 96 страници. Едноставно мора да ја прочитате оваа книга!

543d2c71ecad04221c8e961c-750-562

Странецот“ – Албер Ками

Зарем навистина се потребни дополнителни најави и образложувања за оваа книга? Повеќето од нас првпат се сретнаа за оваа книга за време на средношколските денови, а многумина повторно ѝ се навраќаат и подоцна во животот. Доколку сѐ уште не сте ја прочитале, веднаш земете ја во рака!

Животинска фарма“ – Џорџ Орвел

„Животинска фарма“ е една од моите најдраги книги, а Орвел е еден од моите најдраги писатели. Орвел има некоја магична способност да ве потресе со своите зборови и истовремено хируршки прецизно да ја долови поентата на своите книги. Оваа книга е сатира и со неа тој го исмева Советскиот сојуз, а тоа го прави тоа преку раскажувањето за една животинска фарма и меѓусебните односи на животните во неа. Прекрасна книга, а има само 135 страни! Верувајте дека ќе ја прочитате во еден здив!

Сликата на Доријан Греј“ – Оскар Вајлд

Оскар Вајлд е еден од најпознатите писатели на сите времиња, но и една од најконтроверзните писатели во историјата на книжевноста. Но, покрај сите турбуленции, неговите дела се исклучително почитувани и тој засекогаш ќе биде дел од светската книжевна историја. Иако многумина се чудат кога ќе го чујат овој факт, сепак вистината е таа: „Сликата на Доријан Греј“ е единствениот роман на Оскар Вајлд. Но, прекрасната приказна за суетноста на Доријан Греј кој посакува никогаш да не остари, а наместо него да старее неговиот портрет е приказна која ги надминува вековите, времето и границите. Задолжително четиво!

Појадок кај Тифани“ – Труман Капоти

Никогаш нема да дознаеме дали оваа книга стана класик поради самата себе или благодарение на филмот, затоа што со текот на времето работите станаа толку измешани, што повеќето луѓе веќе не можат да го одделат филмот од книгата, иако книгата е драстично различна од филмот. И кога ќе кажам драстично различна, не мислам на онаа стандардна борба на „книгата е подобра од филмот“, туку навистина приказната е драстично различна, иако основата е иста.

Мене книгата многу ми се допадна, но и филмот си е магичен на свој начин, но факт е дека се навистина различни. Книгата има многу помрачен тон и има многу поинаков тек. Затоа, ако сте го гледале филмот, дефинитивно морате да ја прочитате и книгата!

Преобразба“ – Франц Кафка

Зарем може листа од ваков тип да помине без „Преобразба“ на Кафка? Секако дека не. Секој кој го прочитал ова дело на Кафка, засекогаш ќе ја помни воведната реченица: „Кога едно утро Грегор Самса се разбуди од вонемирувачки сон, се најде себеси в постела преобразен во монструозен инсект.” Приказната за Грегор Самса и неговата преобразба во инсект е приказна која со златни букви е извеана во историјата на книжевноста, а има само 97 страни! Верувајте дека не е залудно тоа што ова дело го ставаат на сите листи со книги кои морате да ги прочитате во животот!

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s