Што читаше Кафе и книги во март?

Дојде април, дојде пролетта, прекрасните сончеви денови се пред нас, а тоа значи прекрасна можност за читање книги во парк или некаде на отворено. Денес на блогот можете да ја погледнете стандардната листа со книги кои ги прочитав во изминататиот месец, па можеби некој од предлозите ќе ви фати око и ќе влезе на вашата листа со книги кои сакате да ги прочитате.

reading_park

Еве кои книги ги прочитав во март:

Чудо“ – Р.Џ. Паласио

55_2_21_9__12__10_2017cudo

Оцена: 5/5
Осврт: Најпрво да кажам: Оги е ДУША! Оваа книга беше бестселер и кога излезе, но се стекна со уште поголема популарност кога излезе екранизацијата со Џулија Робертс во главната улога.

Додека ја читав оваа книга, на моменти плачев, на моменти се смеев, на моменти имав желба да поделам неколку заушки, но во ниту еден момент не бев рамнодушна на она што се случуваше во книгата. Ова е книга која ќе ве натера да се замислите и нѐ тера сите да сфатиме колку е важно да бидеме љубезни и добри луѓе, без оглед на околностите.

Август Пулман е десетгодишно момче кое е медицинско чудо. Никој не очекувал да преживее, а сепак преживеал. Поради многубројните операции тој има деформитет на лицето. Сите гледаат во него, некои се плашат од него, а тој само сака да има нормален живот.

Кога неговите родители се решаваат да го запишат во училиште, Оги најпрво се плаши, но потоа почнува да се прилагодува на новиот живот. Сепак, како што сите тоа добро го знаеме, училиштето може да биде пекол за сите, особено за учениците кои на некој начин се издвојуваат, а Оги е дефинитивно еден од нив.

Прекрасна книга, топла, убаво напишана, ве тера да сочувствувате со секој момент од животот на Оги, но и со сите околу него: неговите родители, пријателите, сестра му…

Нема да зажалите ако ја земете оваа книга во рака!

ИЗДАВАЧКА КУЌА: САКАМ КНИГИ

Тунел“ – Ернесто Сабато

321_19_35_11__2__4_2012tunel
Оцена: 3/5
Осврт: Ова е првиот дел од неверојатно популарната трилогија на аргентинскиот писател. Уметникот Хуан Пабло ја раскажува својата мрачна и меланхолична приказна за неговата тешка судбина. Тој вели дека единствената личност која го разбирала него и неговата уметност е мртва. А таа е мртва затоа што тој ја убил.

Секој од нас има тунел во душата, тоа е оној темен и мрачен дел кој секој човек го има, но ретко кој го вади од виделина. Ова е приказна за еден опседнат човек кој верува дека ја нашол љубовта на својот живот, но не може да ја скроти својата страст, љубомора и посесивност.

Книгата има меланхоличен и темен тон, ја оценив малку пониско од останатите, можеби поради фактот дека некако не ми легна како останатите книги, а и опсесивноста на Хуан Пабло ми беше неподнослива, но дајте ѝ шанса на оваа книга, особено ако сте љубители на романите кои проникнуваат во психологијата на човековиот ум.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: ТАБЕРНАКУЛ, но можете да ја најдете и во издание на ТРИ

Скарлетното слово“ – Натаниел Хоторн

614_9_20_14__26__6_2013skarletno20slovo-final20copy20copy
Оцена: 4/5
Осврт: „Скарлетното слово“ е еден од класиците кои се наоѓаат на сите листи со книги кои морате да ги прочитате во животот. Ова е еден од највлијателните американски романи на 19 век. На многу интелигентен начин ја открива лицемерноста на општеството во тоа време, но додека ја читате ќе препознаете многу карактеристики и на денешното општество.

Главниот лик во книгата е Хестер Прин, која останува трудна надвор од бракот и одбива да го каже името на таткото на детето. Како што можете да замислите, тоа претставувало неверојатен срам и скандал. Хестер поминува одредено време во затвор, а откако ќе ја отслужи казната, таа е осудена да ја носи скарлетната буква А на својот фустан и со тоа таа е обележана од општеството.

Во меѓувреме, нејзиниот сопруг, за кого таа мислела дека е мртов, се враќа во градот и се опседнува со потребата да го пронајде таткото на детето и да го уништи.

Одлична книга, во себе носи силна морална поука и има нешто во книгата кое ќе ве допре на подлабоко ниво.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: МАГОР

Менсфилд парк“ – Џејн Остин

729_45_18_14__20__2_2015mensfild20park20korica20predna

Оцена: 4/5
Осврт: Џејн Остин е моја омилена писателка и тоа и не е некоја тајна. Нејзиниот стил на пишување е ненадминлив. Нејзиното пишување прави да заборавите на светот околу вас и едноставно комплетно се поврзувате со приказната и со ликовите во неа. Некои од нив ве нервираат, за некои навивате, во некои се заљубувате.

„Менсфилд парк“ е приказна во која главното дејство се врти околу фамилијата Бертрам, внуката Фани Прајс и госпоѓа Норис. Фани е ќерка на сестрата на госпоѓите Бертрам и Норис, која живее во сиромашни услови. Семејството Бертрам се одлучува да ја земе кај нив и да ја воспитува и образува. Фани е тивка, мирна и повлечена и ги трпи сите поплаки и исмејувања од госпоѓа Норис, која само сака да се „шлепа“ на семејството Бертрам.

Книгата е многу интересна, проткаена е со голема доза иронија и самиот развој на приказната јасно ви кажува за размислувањата на Џејн Остин во врска со сите тие односи, особено оние поврзани со бракот и парите.

Со задоволство ви ја препорачувам оваа книга!

ИЗДАВАЧКА КУЌА: НАМПРЕС, но можете да ја најдете и во издание на АРС ЛАМИНА

Утилитаризам“ – Џон Стјуарт Мил

utilitarizam-ars

Оцена: 4.5/5
Осврт: Доколку сте љубител на филозофија, ова е вистинската книга за вас. Дури и да не сте љубител на филозофијата, ова е едно од оние големи дела во историјата кои оставиле свој печат и имаат огромно влијание дури и денес.

Во ова дело, Мил зборува за Утилитаризмот како правец, како теорија која почива на принципот на корисноста во насока на остварување на сопствената среќа. Можеме да ја видиме и деталната анализа на Џон Стјуарт Мил во која тој ги објаснува сите придобивки на утилитаризмот како правец или учење, како сакате наречете го, а истовремено се обидува и да ги побие сите критики кои се насочени кон утилитаризмот.

Ова дело е навистина моќно и проникнува многу длабоко во смислата на човековот постоење, па така дури и да не сте љубител на филозофија, сепак ова дело ќе допре до вас.

Освен тоа, оваа книга го вклучува и говорот на Џон Стјуарт Мил кој го одржал во британскиот парламент и во него тој ги изнесува своите ставови за смртната казна.

Одлична книга, дефинитивно ќе ги прошири вашите видици.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: АРС СТУДИО

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s