Зошто читањето треба да биде ваш приоритет?

Често пишувам за поволностите од читањето, а и повеќето љубители на книги веќе ги знаат овие работи, но секогаш е добро кога се потсеќаме себеси на благодетите од читањето.

Денес на блогот читаме уште повеќе причини за читање:

researching

Читањето може да ви помогне да имате поотворен ум и да бидете покреативни

Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Торонто, учесниците кои читале кратки приказни биле многу креативни, имале поотворен ум споредено со оние кои читаат стручни есеи. Иако стручната литература им помага на студентите да научат одредени работи за предметите кои ги учат, не секогаш им помага да размислуваат подлабоко за тоа што го учат.

Луѓето кои читаат живеат подолго

Истражувачите на Јејл проучувале 3635 луѓе постари од 50 години и откриле дека оние кои секојдневно читаат барем по половина час, во просек живеат 23 месеци подолго од оние кои не читаат или од оние кои читаат списанија. Навиката да се читаат книга создава когнитивно размислување кое подобрува многу работи како што се: вокабуларот, способностите за размислување и концентрација. Влијае и на емпатијата, општествената перцепција и емотивната интелигенција.

Сосема е возможно да читате 50 книги годишно

Иако можеби мислите дека една книга неделно е премногу, сепак сосема е возможно да го постигнете тоа, дури и ако сте многу зафатени. Писателката Стефани Хастон вели дека нејзиното уверување дека нема доволно време било само лош изговор. Откако си поставила цел да чита 50 книги годишно, таа вели дека престанала да губи време со седење на Фејсбук и почнала да чита книги пред да заспие, додека патува, додека чека некого во некое кафуле, итн. По два месеци, таа рекла дека била помирна и позадоволна и почнала да спие подобро.

Успешните луѓе посветено читаат

За ова веќе имам пишувано на блогот. Причината за ова е тоа што амбициозните луѓе се посветени на самоподобрување, а при самоподобрувањето, читањето е една од најважните работи.

Извор.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s