Библиотеката на колеџот „Тринити“ во Даблин е институција стара 300 години, дом на повеќе од 200.000 книги!

Од моментот кога луѓето ја развиле способноста да ги пренесат своите мисли на хартија, развојот на човековото знаење постојано водел кон преземање големи чекори кон прогрес. Од Tалес од Милет (првиот филозоф познат на историјата), сѐ до „Алхемичарот“ на Пауло Коељо, луѓето успешно ги пренесувале своите искуства преку книгите. Никој не може да ја оспори важноста на Гутенберговата преса за штампање, која ја поттикнала желбата за стекнување знаења во време на периодите на Ренесансата и периодот на Просветителството во Европа.

Низ историјата, книгите и знаењето се сметале за сијамски близнаци – едното не може да постои без другото. Како и да е, напредокот на модерната технологија драматично го промени начинот на кој гледаме на знаењето. Тенката линија меѓу информацијата и знаењето почнува да избледува и поради тоа, културата на читање книги исто така се соочува со потенцијална дегенерација.

73-2-640x483

Како и да е, ако вие сте од оние кои ги обожаваат печатените книги, има многу прибрежишта за вас. Библиотеките цврсто стојат на своите темели и тие се дом на некои од највлијателните и антички книги и ракописи кои помогнале при обликување на развојот на човековата мисла и историја.

Една од тие библиотеки е библиотеката на колеџот „Тринити“ во Даблин. Оваа библиотека се грижи за знаењето на човекот преку повеќе од 3 века и истата е дом на повеќе од 200.000 книги – од најпопуларните класици до сите можни жанрови кои постојат. Понатаму, огромна збирка од бесплатни материјали објавени во Република Ирска постојано се додаваат на огромната архива на оваа библиотека.

Можеби најголемата атракција на библиотеката е познатата „Книгата на Келс“, која е многу почитувана од страна на Христијаните, но и од историчарите. Долг период ова дело било познато како „Госпелот од Колумбија“, затоа што било поврзувано со еден манастир кој бил изграден и основан во 6 век од страна на ирскиот свештеник Колм Чиле, кој бил познат и под прекарот Колумбија.

19-650x450

Сепак, модерните академици се убедени во тоа дека „Книгата на Келс“ доаѓа од многу подоцнежен период и дека најверојатно била целосно завршена некаде околу крајот на 7 век. Вработените во библиотеката секојдневно ги вртат страниците на „Книгата на Келс“, за посетителите да имаат шанса да гледаат различни страници од ракописот без оглед на тоа кога ќе дојдат.

Библиотеката на колеџот „Тринити“ е домаќин на двата од вкупно четири тома од „Книгата на Келс“, кои постојано се изложени и достапни за посетителите. Овие томови биле донирани на библиотеката во 1661 година од страна на Хенри Џонс, бискуп на англиканската црква.

Гледајќи ги прекрасни страници на делото, човек не може, а да не се воодушевува на трудот и посветеноста при создавање на овој скапоцен ракопис. Со оглед на ограничените материјали кои биле достапни во тоа време, живеејќи во еден од најизолираните делови на земјата, да се создаде вакво дело е триумф само по себе.

old-library-trinity-college-dublin

Историјата на библиотеката оди назад сѐ до 1592 година. Уште една популарна атракција за посетителите е соба која има голем број бисти oд мермер, кои ѝ даваат на библиотеката уште поголема естетика и придонесуваат кон прекрасната атмосфера. Голем дел од овие бисти се бисти на познати писатели, филозофи и други познати личности кои го поддржувале колеџот и кои придонеле за развој на библиотеката.

Ако имате шанса да одите во Даблин, не смеете да ја пропуштите шансата да го посетите овој скапоцен бисер!

Извор.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s