Промоција на преводот на книгата „Рудните слоеви на сеќавањето -разговори со Влада Урошевиќ“ од Људмил Спасов

В петок, на 11 мај, во 11 часот, во просториите на Институтот за македонски јазик во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Duboki slojevi sjećanja – razgovori s Vladom Uroševićem“, која всушност е превод на книгата „Рудните слоеви на сеќавањето – разговори со Влада Урошевиќ“ од професорот Људмил Спасов, од македонски на хрватски јазик.

vlada-urosevic1

Настанот е во организација на Институтот за македонска литература и Македонско-хрватското здружение Ѐ„Спектрум“ од Загреб.

За книгата ќе зборуваат проф. д-р Јелена Лужина и д-р Александар Прокопиев, кој ќе го води разговорот со академик Влада Урошевиќ  и со авторот на книгата, проф. д-р Људмил Спасов.

Воведен збор ќе има директорката на Институтот, проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, а на присутните ќе им се обрати и претседателката на Здружението Спектрум, госпоѓа Славица Коретиќ и координаторката на проектот, студентката на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб, Антониa Рагуж.

Музички настап ќе има студентот по соло-пеење на Факултетот за музичка уметност од Скопје, Мартин Тренески, во класата на проф. Горан Начевски.

Преводот на книгата е на Крешимир Божак, Инес Цебовиќ и Вана Цвек, а уредник е Ива Назалевиќ Чучевиќ.

Настанот е од отворен тип и добредојдени се сите кои се заинтересирани за овој настан.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s