Деца кои живеат во области со низок степен на писменост живеат пократко

Децата кои растат во области со ниско ниво на писменост се поизложени на ризик дека ќе живеат пократко од оние кои живеат во области со висок процент на писменост.

Според истражувањата на организацијата „Национален Книжевен Труст“, момчињата кои живеат во области со низок процент на писменост, живееле 26 години помалку од момчињата кои живеат во области каде писменоста е на високо ниво.

shutterstock_221592391-700x420

Истражувачите го пресметале ризикот од потенцијалното ниско ниво на писменост во секоја изборна единица во Англија. Ова било пресметано врз оснoва на различни фактори како образование, вработеност и приходи. Истражувачите потоа ги групирале во групи од по 10 области/региони. Групите биле рангирани според нивото на писменост, а потоа тие  биле споредени со официјалните статистики за животниот век во тие региони.

Поврзаноста помеѓу писменоста и животниот век

Како што беше кажано погоре, момче родено во област со низок процент на писменост ќе има пократок животен век за 26 години од момче родено во област со висок степен на писменост.

Кај девојчињата, оние родени во области со низок процент на писменост ризикуваат да живеат 20 години пократко од оние родени во областите со повисок степен на писменост.

Во извештајот од истражувањето е наведено следното: „Иако признаваме дека односот помеѓу писменоста и животниот век е комплициран, нашиот извештај открива дека поголема е веројатноста луѓето кои се неписмени да имаат проблеми со финансии и да живеат на места кои се нестабилни и несигурни и имаат полошо здравје – фактори кои исто така влијаат на животниот век.“

09-early-reading-habits-ask-prediction-questions

Џонатан Даглас, директорот на организацијата, изјави: „Врската помеѓу здравјето, социо-економските фактори и животниот век е веќе добро позната, но ова е првпат некој да ја поврзе писменоста со долговечноста. Сега знаеме дека нашите напори да ги подобриме читачките и пишувачките вештини на децата од најсиромашните области директно допираат до коренот на проблемите кои водат кон пократок живот. Ако сакаме навистина да ги промениме животните околности на најранливите групи, тогаш мораме да се бориме со неписменоста.“

Извор.

 

 

 

 

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s