Промоција на „Во градината има само љубов“- нова поетска книга од Филип Димкоски!

Денес,  со почеток од 20.00 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје (Дом на градежниците), ќе се одржи промоција на четвртата поетска книга од поетот Филип Димкоски, насловена „Во градината има само љубов“.

Промоцијата на книгата, како и сите претходни промоции на овој автор, е замислена како своевиден уметнички перформанс кој на малку поразличен начин ја донесува поезијата до читателите.

Промотор на книгата е проф. д-р Васил Тоциновски, стихови ќе чита авторот. Музички гостин е кант-авторот Џина Папас Џокси.

34320687_10211975250196135_7526899039137169408_n

Станува збор за поетска збирка создавана четири години, песни поделени во неколку циклуси со заеднички мотив: љубов во повеќе облици, но сврзан со оној основниот и неопходниот – љубов кон нашата создателка – природата.

„Филип не само што е вљубеник во градината, во тој рај од скротена природа, Филип е и познавач на градината. Уште повеќе тој е препознавач на љубовта во неа“- пишува проф. Попсимонова во рецензијата.

Васил Тоциновски пак истакнува дека новата книга на Димкоски е уметнички и естетски исчекор на авторот.

„Новата стихозбирка на Филип Димкоски е радост за читателите и за книжевната критика од две причини. Првата ги потврдува тематските кругови како автохтоност на авторот што не води и до второто поголемо и значајно задоволство од големиот исчекор и естетски резултат во новите стихови. А тие сами по себе претставуваат творечка легитимација за впишување во традицијата и континуитетот на современата македонска книжевност“- се вели во рецензијата на Тоциновски.

Писателката и литературна критичарка Снежана Алексиќ Станојловиќ од Србија, во рецензијата забележува дека Димкоски остава личен препознатлив поетски белег, односно авторот расцветува на свој начин во својата духовна градина, а писателката и критичарка Ина Крејн од Бугарија книгата ја именува како „поетска Библија“.

Уредник на изданието е Александар Димкоски кој на почетокот има дадено опширен предговор насловен „Омеѓување“, а кон крајот на книгата поместени се текстови на рецензентите проф. д-р Васил Тоциновски, проф. д-р Гордана Попсимонова, проф. м-р Снежана Алексиќ-Станојловиќ (Србија) и проф. Ина Крејн (Бугарија). Автор на корицата е Кристијан Јованоски Кетерник, а лектор Кристина Велевска.

Добредојдени се сите што ги љубат градините, убавините и стиховите!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s