IN MEMORIAM: „Залез“ од Матеја Матевски

Ноќеска, на 89-годишна возраст, почина академик Матеја Матевски, еден од најпознатите македонски поети кој има голем придонес кон македонската поезија.

Матеја Матевски е роден во 1929 година во Истанбул. Својата рана младост ја поминува во Гостивар, а своето образование го стекнува во Белград и Скопје. Едно време работел како наставник по македонски јазик, а својата кариера ја продолжува како новинар во Радио Скопје. Во одреден период бил и директор на Радио-телевизија Скопје.

091717matea-matevski-6

Тој бил член на Друштвото на писатели на Македонија и одреден период бил и претседател. Академик Матеја Матевски беше и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), а во периодот од 2001 до 2004 бил и претседател.

Богато е творештвото на Матеја Матевски и ние вечно ќе му бидеме благодарни за неговите прекрасни стихови и песни. Неговото творештво го пренесуваше преку издавање на неговите збирки како: „Дождови“, „Рамноденица“, „Перуника“, „Круг“, „Завевање“, „Липа“, „Раѓање на трагедијата“, „Оддалечување“, „Црна кула“, „Завевање“, „Мртвица“, „Внатрешен предел“, „Заминување на светулката“ (Избор песни).

Во 2011 година, на јубилејните 50. Струшки вечери на поезијата му беше врачен Златниот венец.

Што и да се каже, што и да се напише нема да биде доволно. Академик Матеја Матевски ќе живее вечно преку неговото творештво и неговите стихови. Па затоа, наместо многу зборови, мислам дека најдоброто простување со овој голем поет може да го направиме преку споделување на неговите стихови. Прегледувајќи ги стиховите, наидов на оваа песна, која секогаш ми предизвикувала прекрасни чувства.

Залез

Румено. Румено. Румено.

Како занесена песна
во синото море
на горите
тоне
залезот.

Од тревите до кавалот
од стадото до облакот
сѐ е бујно
запалено.

Од градите до песната
од чекорот до чешмата
сѐ е чудно
разгалено.

Стадо в кавал заљубено
ѕвоно в песна изгубено
око в божур залудено

Румено. Румено. Румено.

sabinsilhouettesunset-3
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s