Хантер С. Томпсон за трагедијата на луѓето кои ја жртвуваат својата слобода на олтарот на сигурноста!

Сигурност… Што значи овој збор во однос на животот каков што го знаеме денес? Во поголем дел, значи сигурност и слобода од грижи. Велат дека тоа е целта кон која сите луѓе се стремат, но дали сигурноста е некаква утописка цел или е само уште еден збор за ќорсокак?

Ајде да го замислиме човекот кој е сигурен; и под овој термин мислам на човек кој се задоволил со финансиската и личната сигурност како негова цел во животот. Во суштина, тој е човек кој ја тргнал на страна амбицијата и иницијативата и на одреден начин се задоволил со досадна, но удобна и сигурна навика до крајот на својот живот.

hunter

Неговата иднина е само продолжување на неговата сегашност и тој го прифаќа тоа со самозадоволно кревање на рамената. Неговите идеи и идеали се исти како оние на општеството и тој е прифатен како почитуван, но просечен и прозаичен човек. Но, тој дали може да се нарече човек? Дали тој има каква било почит или гордост за самиот себе? Како би можел, кога тој ниту ризикувал, ниту пак добил нешто?

На што мисли тој кога гледа како неговите младешки соништа за авантури, постигнувања, патувања и романси се закопани под наметната на удобноста? Како се чувствува кога сфаќа дека тој речиси воопшто не го вкусил оброкот на животот, кога го гледа затворот кој тој самиот си го изградил во потрагата на семоќниот долар?

Ако тој мисли дека сето ова е супер и добро, во ред, но помислете на трагедијата на човекот кој ја жртвувал својата слобода на олтарот на сигурноста и посакува да може да го врати времето назад? Треба да се сожалува човекот кој немал храброст да го прифати предизвикот на слободата и да се збогува со перничето на сигурноста и да го види животот онаков каков што е, наместо половно да го живее.

Животот поминал покрај овој човек и тој го набљудувал од некое безбедно место, плашејќи се да побара нешто подобро. Што направил тој освен што го чека утрешниот ден кој никако да дојде?

Пролистајте ги страниците на историјата и ќе ги видите луѓето кои ја обликувале судбината на светот. Сигурноста никогаш не била нивна, но тие живееле, наместо само да постојат.

Каде би бил светот ако сите луѓе барале сигурност и не преземале ризици или пак не се коцкале со нивните животи само поради можноста дека ако победат, животот би бил поинаков и побогат?

Од набљудувачите (кои се мнозинство) ние ја слушаме и добиваме пропагандата дека животот не вреди да се живее, дека животот е тешка и напорна работа, дека младешките амбиции треба да се тргнат на страна за живот кој не е ништо освен болно исчекување на смртта. Тие се оние кои секоја можна возбуда во животот ја истиснуваат од фантазијата и искуствата на другите преку филмовите и книгите.

Тие се неважни и заборавени луѓе кои проповедаат удобност, затоа што тоа е она што тие го познаваат. Ова се луѓе кои навечер сонуваат за тоа што би можело да биде, но кои се будат в зори за да си го заземат местото во нивните добро познати патишта и едноставно да преживеат уште еден ден. За нив, романсата е одамна мртва и тие се принудени да ги минуваат животите на воденица, колнејќи го своето постоење, а сепак се плашат да умрат поради непознатото коешто ги чека после смртта.

Ним им недостасува единствената вистинска храброст: онаа храброст која им овозможува на луѓето да се соочат со непознатото независно од последиците.

И уште една мисла, делува некако непристојно да се пишува за животот без воопшто да се спомене среќата, па затоа да го оставиме читателот самиот да го одговори ова прашање: Кој е посреќен човек, оној кој се борел со бурата на животот и живеел, или оној кој безбедно останал на брегот и само постоел?

~ Хантер С. Томпсон

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s