Документарец за Курт Вонегат открива живот полн со смеа, смрт и борба…

Документарецот на Роберт В. Вејд „Курт Вонегат: Незаглавен во времето“ дава увид во животот на еден од најпознатите писатели на 20 век. Во еден момент, филмот се фокусира на една илустрација во неговата книга „Појадок за шампиони“.

Вејд во документарецот вели: „Ова беше првата рачна илустрација на задникот на писателот.“

Документарецот беше премиерно објавен во мај заедно со еден панел со режисерот пред сала која била исполнета речиси до последното место. Овој настан бил дел од тридневен книжевен фестивал во чест на животот и делото на Вонегат.

dc8dj1lw0aa63sg

Вонегат е познат по неговата сатирична остроумност, црн хумор, научно-фантастичните елементи и преспективите за среќа и исполнетост во неговите книги. „И така ти е тоа“ е фраза од неговата книга „Кланица 5“ со која сака да ја истакне идејата дека смртта е неизбежна и е само еден дел од човековото искуство.

Во документарецот, Вонегат се потсеќа на смртта на своите пријатели од минатото. Еден пријател од војска умрел од болест во кампот за обука. Друг пријател од братството на неговиот факултет умрел откако си ја удрил главата од чешма. По секоја анегдота, Вонегат весело се смеел.

Вејд рекол: „Најмрачните нешта правеа да се смее. Тој обожаваше да се смее. Многу сакаше хумор.“

Дури и кога се прикажува Вонегат како се сеќава на неговите починати родители и брат и сестра, тој ги задржува солзите и болката и вели: „Воопшто не ме прави тажен. Тоа беше многу убаво време во животот на овие луѓе.“

vonnegut_0

Во времето на Големата депресија, семејството на Вонегат ја изгубило својата куќа и се соочиле со емотивни и финансиски проблеми. Според документарецот, филмовите во саботните утра му помогнале на младиот Вонегат да не го сфаќа животот пресериозно.

Во „Појадок на шампиони“, Вонегат се вметнува себеси како лик и му кажува на друг лик, Килгоре Троут, писател на научна фантастика кој е анонимен и покрај тоа што има напишано 100 книги, дека тој всушност е лик во книга. Вонегат еднаш напишал рана верзија на „Кланица 5“ во која тој како автор му се јавува на протагонистот на телефон и му кажува дека лик во книга.

Во документарецот, Вонегат вели дека негов обожавател еднаш му кажал дека ликот Троут е всушност одраз на Вонегат и неговата психолошка состојба. Промените на Троут се случуваат паралелно со предизвиците на Вонегат во однос на книжевниот успех, неуспесите, семејството и финансиската состојба.

92a6d8c9a174c595d5254baaec69f606_original

Во „Појадок на шампиони“, Троут му се обраќа на Вонегат:

„И во овој момент Килгор Троут ми се развика со гласот на татко ми: „Направи ме млад, направи ме млад, направи ме млад!“

По „Кланица 5“, Вонегат станал ѕвезда и се појавувал во телевизиски серии и реклами. Кога еден водител го прашал каков му е животот, тој се насмејал и рекол: „Па, фала му на Бога, речиси е при крај.“

Во поголемиот дел од неговиот живот тој бил оптимист за Америка и „американскиот сон“ и покрај неговите критики и сатира за корпорациската и политичката моќ. Пред крајот на неговиот живот тој се соочувал со тешкотии во неговиот брак, но и имал проблем со инвазијата врз Ирак и улогата на Џорџ Буш во неа.

Според Вејд, Вонегат сметал дека администрацијата на Буш е ужас.

c0698c11fed2ef3460bf8cc32cdf9643_original

Во 2006 година, тој напишал: „Драги идни генерации, ве молиме прифатете ги нашите извинувања. Ние бевме пијани од петролеум.“

Кога Вејд го истражувал творештвото на Вонегат во библиотеката „Лили“, тој налетал на дел од сопствената комуникација со писателот. Се работело за писмо старо 30 години во кое режисерот го прашал Вонегат дали би му дозволил да сними документарец за неговиот живот.

Тоа писмо Вејд го напишал кратко пред да започнат со снимање во 1980 година. Тој и Вонегат биле блиски пријатели сѐ до неговата смрт во 2007 година.

Вејд рекол: „Никој не те подготвува за моментот кога ќе почнеш да ги губиш пријателите. Помнам дека му се јавив на 11 септември. Тоа беше уште еден „И така ти е тоа“ момент за него.“

Преку својата сатира, црн хумор и критиките кон институционалните моќи, власта и општеството, Вонегат сепак задржал дел од својот оптимизам и потрагата по среќа во општеството и неговите дела.

Вонегат во еден миг изјавил: „Ова е навистина прекрасен универзум.“

Не знам за вас, но јас едвај чекам да го погледнам овој документарец кој ќе ни дозволи подлабоко да ѕирнеме во животот и умот на овој генијален писател.

Тука можете да погледнете краток извадок од документарецот.

Извор.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s