Мирослав Крлежа за човековата самотија и осамените книги…

Над човековата судбина лебди една судбоносна сила која е опасна за опстанокот на човекот и која делува по разорниот слеп закон на Универзумската ноќ, а токму таа е трајниот извор на поетската инспирација. Се вика Самотија! Безнадежната тага на осаменоста.

Заведен од лажливото светло на нашите светилки, како може една ноќна пеперутка да го поднесе неверојатниот морничав товар на ѕвездите, кога нервозно бара спас од ужасна осаменост, среде универзумската ноќ?

krleza-1

Во долготрајниот зулум, тој ќе се лизне во осаменост. Музичката визија на Берлиоз. Шопенхауер. Паскал. Ибзен. Човекот е најсилен кога е сам. Контратежа на тоа: благодетта на стадото, а тоа знаеме што е. Крикот на говедата.

Какво значење може да има делото, Книгата, „успехот“ во однос на тоа тешко спознание за осаменоста?

Наспроти тоа поетско сознание, што значи постигнувањето на книжевен успех или признание во светот? Во кој свет? Во светот на касарните, топовите, лудниците, војните или раковите? Единственото нешто на коешто треба да му се посветува трајно внимание е тоа човек да не стане смешен. Да пишуваш сонети среде ѕверски срања: panem et circenses (леб и циркус, м.з)?

Што претставува една осамена книга во овој денешен свет, па дури и да е навистина вредна за да биде објавена? Помалку од една осамена капка во Амазон. Пред 400 години, кога еден Еразмо ги печател своите книги во двесте примероци, тоа било настан за европската елита од Кембриџ и Париз до Фиренца, а денес, помеѓу стотина саеми на книги, на кои се појавуваат 100 илјади новини, како може да се забележи една изгубена и осамена книга? Големите мајстори, кои од книгите направија увозна роба, господарите на книжевните и уметнички метрополи го диктираат книжевниот пазар, вкусот и естетските критериуми, а без громот на нивната пропаганда, илјадници книги исчезнуваат во потполно безимена тишина (…)

Додаток „Против цензура“: Откако постои човекот, цензурата го следи како сенка. До вчера Данте сѐ уште бил во индексот среде Рим, а да се каже дека Енгелсовата „Дијалектика на природата“ нема научна основа, дека Хегеловската „Велтгајст теорија“ не се поклопува со научната дистелеогија, дека Енгелс на пример не можел да има поим за електрицитетот или дека Сталин не е никаков филолог или естет, значело да се биде спален на дијалектичката клада.

*од книгата на Предраг Матвејевиќ, „Разговори со Мирослав Крлежа“, Загреб: „Напред“, 1971 година

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s