5 руски писатели кои не сме ги учеле во училиште!

Без оглед на тоа кога точно сте завршиле со вашето образование, имињата како Пушкин, Лермонтов, Горки, Есенин, Чехов, Толстој и Достоевски секогаш биле присутни на часовите за јазик и книжевност. Поезијата се учеше напамет, за романите се пишуваа опширни писмени задачи. Застапеноста на руската книжевност на овие простори не е само заслужена, туку и традиционална.

Најсреќните меѓу нас можеби учеле и за Булгаков, Пастернак, Ахаматов, Цветаев и Набоков. Сепак, имајќи предвид дека за училишните лектири времето застанало во 1984 година со објавувањето на „Хазардскиот речник“ на Павиќ (и „Балкански шпион“ на Ковачевиќ една година претходно), а програмата наследена од комунистичките времиња, па дури и во делот на светската книжевност, нема претрпено некои кардинални измени во подоцнежните години, а тоа е случај и со руските автори.

Во продолжение ви наведуваме 5 руски писатели од различни епохи кои заслужиле да чуете за нив, а можеби сте немале можност за тоа.

Леонид Андреев

5afc525d15e9f926e518c5a7

„Кога илјадници убиваат еден, тоа значи дека победил тој еден.“ („Приказна за седуммината обесени“)

Овој современик на Толстој се смета за првиот експресионист во руската книжевност. Иако кариерата ја започнал занимавајќи се судбината на малиот човек и тоа под очигледно влијание на авторите на реализмот (вклучувајќи ги и Чеxов, Толстој, но и Достоевски), Андреев ги набљудувал овие познати теми од некој нов агол, во нова епоха.

Проблемот со смртта, состојбата на човековата душа во моментите на кризи, песимизмот, истражување на границите на разумот, прашањето за самоубиството и силата на човековата личност се работите кои го дефинираат творештвото на Леонид Андреев.

„Андреев го будеше разумот, будеше грижа за човековата душа.“

Она што е интересно е што Максим Горки го открил Андреев како писател, а подоцна го отфрлил поради претераниот мистицизам и песимизам.

Пишувал драми, раскази, романи и го дефинирал театарот на панпсихизмот – сѐ што се случува на сцената мора да има за цел само да го пренесе внатрешниот свет на јунакот. Човечката мисла, во своите страдања, радости и борба, тоа е вистинскиот јунак на современиот живот, барем според Андреев.

Врз творештвото на Адреев очигледно е и влијанието на филозофијата на Шопенхауер, Ниче и Хартман. Овој писател ги создава своите најголеми дела во моментот на општа криза на свеста, нови епохи и моменти во кои Ниче соопштува дека „Бог е мртов.“ Токму таа загуба на Бога го поставува човекот за кој пишува Андреев исправен пред лицето на Апсурдот.

Ако ви се допаднал мотивот за идејното убиство во „Злосторство и казна“, читајте ја „Мисла“ од Андреев. Доколку ви се допаднале „Записи од подземјето“, прочитајте ја „Моите забелешки“. За љубителите на ликови како Мефисто, Воланд и ѓаволот на Иван Карамазов, тука е романот „Дневникот на Сатаната“. Или едноставно, најдете го најдобриот расказ на Андреев, „Приказна за седуммината обесени“,  силен одговор на прашањето за смртната казна и потоа ќе посакате да ги прочитате и останатите негови дела.

Иван Бунин

ivan-bunin

„Никој ништо не разбрал, затоа што луѓето и натаму воглавно се чудат и никако не сакаат да веруваат во смрт.“ („Господин Сан Франциско“)

Иван Бунин е првиот руски добитник на Нобеловата награда во 1933 година. Како истакнат противник на болшевиците, во 1920 година го напушта Советскиот Сојуз и оди во Франција каде што станува еден од најзначајните руски автори во емиграција.

Со својот книжевен стил Бунин продолжува со претепани чекори кон она што би го нарекле класична руска проза во најубавата смисла на тие зборови. Доколку сте го читале Толстој, Чехов или Тургењев, Буник секако е вреден за вашето внимание. Филмот „Сончаница“ од Никита Михалков е создаден според мотивиците на дневничките записи и истоимените раскази на овој писател.

„Господинот од Сан Франциско“, „Животот на Арсенјев“ и збирката раскази „Темните дрвореди“ се меѓу неговите најуспешни дела.

Поради своето гласноговорништво против револуцијата, која за Бунин претставувала само крвава замена на местата, некои дела, како „Проклетите денови“ во Русија се објавени по перестројката. Денес оваа книга е задолжителна лектира во сите руски училишта.

Евгениј Замјатин

tass_5091286_468

„Идеалот е онаму каде што повеќе ништо не се случува.“ („Ние“)

Писател, публицист, книжевен критичар и сценарист активен за време на 20-тите и 30-ти години од минатиот век. Тој го дефинирал неореализмот во книжевноста, објаснувајќи дека писателите-реалисти се занимавале со прикажување на реалноста видлива со голо око, за разлика од писателите-неореалисти, кои се занимавале со стварната реалност, онаа реалност која е скриена зад површината на животот.

Иако бил многу ангажиран за преведување и во различни области како книжевен јазик, ритам во поезија, човекот кој го вовел терминот синтетизам во книжевноста и ги објаснил поимите енергија и ентропија, во историјата на светската книжевност ќе остане запомнет како автор на првиот дистописки роман „Ние“, кој бил издаден во 1921 година.

Со приказната за Единствената држава во далечната иднина, настаната по 200-годишната војна и во која луѓето се нарекуваат според броеви, живејат во стаклени домови за полесно да можат да бидат надгледувани и да негуваат култ на личноста на врховниот лидер (наречен Добротвор), Замјатин упатува јасна критика не само кон советскиот тоталитаризам, туку и кон сите тоталитарни системи.

Совршеното општество за кое пишува Замјатин пропагира колективно наместо индивидуално, разум наместо чувства и апсолутно непостоење на приватност.

Романот бил забранет во Русија сѐ до 1988 година, а писателот во 1931 година добил писмено одобрување од Сталин и засекогаш ја напуштил Русија.

Доколку ги сакате книги „Храбар, нов свет“ од Хаксли или „1984“ на Орвел, прочитајте го романот „Ние“ и дознајте како настанал дистопискиот роман.

Иван Вирипаев 

z19285946viwan-wyrypajew

„Кога љубиш, секогаш се препелкаш на подот, затоа што земјата ти се бега од под нозе.“ („Пијани“)

Вирипаев е современ драмски писател, режисер, сценарист, активен од средината на 90-тите години на 20 век. Добитник е на многу руски и меѓународни награди за театарска уметност, меѓу кои се и германската награда за Најдобар драматург во 2009 година и Човек на годината во Полска во 2010 година.

За драмите „Пијани“ и „Илузии“ доделена му е наградата Олег Табаков, „за талентираното и тврдоглаво прикажување на нашиот живот во нови драмски облици.“

Вирипаев подвлекува дека во театарската уметност, поважна е енергијата која се пренесува на публиката отколку изборот на темите, затоа што одлично напишаната драма може да остави лош впечаток кај гледачите и да ги извлече од салата уште пред крајот, а енергијата со која се заразува салата може да направи успех дури и од аматерска претстава.

Иако неупатениот читател може да помисли дека претставите на Вирипаев се весели, лесни и површни, сепак претставите „Кислород“, „Градот во којшто сум јас“, „Илузии“, „Соништа“, „Пијани“, се занимаваат со потрагата на современите личности по одговорите на вечните прашања.

Проблемите со блискоста, меѓучовечките односи, животните приоритети, смислата на постоењето, односот на човекот со Бога се централните теми на овој автор, често поставени со многу хумор, ненормативна лексика и модерна музика, а тоа го прави поврзувањето на публиката со драмскиот текст уште поинтензивно. Тоа сме ние, тука и сега и што да правиме со тоа?

Вирипаев нема обичај да дава интерпретации на своите текстови, затоа што смета дека секој во нив го гледа она што лично го допира, а тоа некогаш нема многу поврзаност со првичната идеја на авторот. („Смислата е во тоа да видиш. Тоа е сѐ. А кој што гледа, тоа е веќе прашање.“)

Виктор Пелевин 

viktor-pelevin

„Вие мешате поими. Трагедијата не се случува СО уметникот или машиновозачот, туку ВО УМОТ на уметникот или машиновозачот.“ („Чапаев и Празнината“)

Мислењата на книжевните критичари околу творештвото на Пелевин се прилично поделени, но неспорно е неговото место помеѓу највлијателните писатели на денешницата. Тешко е да се одреди што е она што го прави Пелевин толку примамлив за читателската публика.

Поради своето криење од медиумите, избегнување интервјуа и отсуство од социјалните мрежи, едно време имаше теории за тоа дека Виктор Пелевин е псевдоним зад кој можеби се крие и група на автори.

Покрај непресушните алузии и поигрувања со историјата на руската книжевност и одлично познавање на духот на својот народ, Пелевин успева да ги усклади гогољевските фантазмагорични мотиви со сурово веродостојната слика на современото општество (криминалци, бизнисмени, политичари, наркомани, програмери, јунаци од компјутерските игри), кои ги прикажува преку автентичен хумор и иронија.

На сето ова додајте и егзотични мотиви до Далечниот Исток и полемики за будистичката филозофија и ќе добиете четиво кое ве турка напред и тоа без здив, иако не сте сигурни во кој правец сте се впуштиле, а на крајот воглавно и не ни разбирате каде сте стигнале.

Без оглед на личните преференци, Пелевин успеа во она што ретко кому поаѓа од рака во денешно време – изгради свој препознатлив стил, притоа непишувајќи крими-романи и епска фантастика.

 

Извор.

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s