Воена приказна на Хемингвеј за првпат ја здогледа светлината на денот!

Во 1956 година, Ернест Хемингвеј веќе бил во слободен пад.

Неговиот трансформативен, маѓепсувачки, краток и едноставен стил кој ја промени американската книжевност почнал сериозно да избледува. Неговиот стил веќе бил копиран од други писатели. Изгубен во книжевната блокада, тој станал карикатура на неговите супер мачо ликови. Тој ги избегнал снајперските куршуми во Франција, бркал диви животни во Африка и се трудел да ја победи славата.

Тоа лето, Хемингвеј нашол инспирација за неговата фикција во неговите авантуристички години кога бил дописник во Втората светска војна. Напишал 5 кратки раскази за војната и му рекол на неговиот издавач: „Секогаш можеш да ги објавиш откако ќе умрам.“

03xp-hemingway-jumbo

Шест декади подоцна, многу години по неговото самоубиство во 1961 година, само една од тие приказни била објавена – сѐ до минатиот четврток. Свежо објавената приказна „Собата со поглед кон градината“ е приказна од околу 2100 зборови и е раскажана во прво лице од американски писател кој се вика Роберт, кратко откако Сојузничките сили го ослободиле Париз од нацистите во август 1944 година.

Има многу малку сомнеж околу тоа дека Роберт е всушност самиот автор. Сцената од насловот е соба со поглед кон градина во хотелот „Риц“, луксузен хотел во Париз кој му бил омилен на Хемингвеј и тој тврдел дека го „ослободил“ хотелот во војната. Војниците во приказната му се обраќаат на Роберт со „Папа“, прекарот кој луѓето го користеле за Хемингвеј, факт кој е многу добро познат во книжевната историја. Има и други знаци: ексклузивни и скапи шампањи, љубовта кон услугата од хотелиерите и дискусијата за книгите и писателите, како и замките на славата.

Ендру Ф. Гули, уредник во списанието „Странд“, книжевно списание кое излегува на секои 4 месеци и кое ја објавило приказната, вели: „Длабоката љубов на Хемингвеј за неговиот омилен град кој само што излегол од нацистичка окупација целосно излегува на површина, како и заштитните карактеристики на неговата проза.“

Иако оваа кратка приказна никогаш не била јавно објавена, не била целосно непозната. Ракописот, кој имал 15 страни и бил рачно напишан со молив, со декади бил чуван во збирката посветена на ликот и делото на Ернест Хемингвеј во библиотеката и музеј „Џон Ф. Кенеди“. Истражувачите на делата на Хемингвеј ја проучувале и пишувале за оваа приказна, како и за останатите 4 приказни од серијалот, вклучувајќи ја и „Црниот задник на крстопат“, единствената приказна која досега била објавена.

Господин Гули рекол дека пред една година тој побарал дозвола од луѓето кои ги имаат правата за делата на Хемингвеј да ја објави приказната во списанието „Странд“, кое најчесто објавува нови приказни, но и необјавени дела од добропознати писатели. Во ноември објавиле и кратка приказна од Рејмонд Чендлер, најпознат по своите детективски приказни.

Господин Гули изјавил: „Лесно би било да се создаде мала збирка од необјавени дела и да се продадат многу изданија, но тие (се мисли на луѓето кои се задолжени за управување со работите околу правата за делата на Хемингвеј) се толку успешни поради тоа што селективно знаат кога и како да ги објават овие мали скапоцени бисери.“

Кирк Курнут, член на бордот во „Друштвото Хемингвеј“, напишал поговор во магазинот забележувајќи дека ова дело „ги содржи сите специфични елементи кои читателите ги сакаат кај Хемингвеј“ и дека ја опфаќа и „важноста на Париз“.

Тој продолжува и вели: „Војна секако дека е централна тема, но важни теми се и етиката на пишувањето и грижата дека книжевната слава ја уништува посветеноста на писателот кон вистината.“

Приказната се одвива за време на една вечер во хотелска соба пред крајот на војната. Некои од француските војници ги расклопуваат и ги чистат своите оружја. Тие зборуваат дека следното утро ќе си заминат од Париз за да продолжат да се борат.

Роберт си става пијалок, чита книги и гледа како сончевата светлина се одбива од дрвата во градината. Опкружен од војна, тој ужива во луксуз и лична удобност во една од најубавите соби во хотелот. Но, тој копнее да излезе од собата и да излезе од „Риц“.

Автобиографските елементи се јасни. Како што се ближел крајот на војната, Хемингвеј се соочувал со креативна блокада при своето пишување, особено по успехот на „За кого бијат камбаните“, објавена во 1940 година. Поминале речиси 20 години откако ги напишал неговите романи „И сонцето изгрева“ и „Збогум на оружјето“.

Во 1950 година тој ја напишал многу исмејуваната „Преку реката и на дрвјата“, а во 1952 година го напишал романот „Старецот и морето“, светскиот успех кој ги уништил и последните парчиња од неговата приватност. Наскоро откако ја завршил приказната „Соба со поглед на градината“, тој му признал на еден свој пријател дека ја мрази прекинувачката природа на славата.

Во едно писмо до својот пријател Харви Брејт, уредник во „Њујорк Тајмс Бук Ревју“ тој му напишал: „Најверојатно ќе биде подобро ако никогаш повеќе не објавам ништо. Поедноставно е да оставам нешто за кога ќе умрам.“

Извор.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s