Нетфликс ги откупи правата за екранизација на „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел!

Одлична вест за сите љубители на „Животинска фарма“ и Џорџ Орвел! Нетфликс ги откупи филмските права и моментално работи на екранизацијата на ова неверојатно дело! Режисер и продуцент на филмот е Енди Серкис, преку продуцентската компанија „Имагинариум“.

Серкис ги има добиено правата за „Животинска фарма“ уште во 2012 година и првично било планирано да се направи телевизиска серија. Но, луѓето од Нетфликс постигнале договор со него и сега ќе се снима долгометражен филм под капата на Серкис кој со години се трудел да најде финансии за да го реализира проектот.

9c19320932dd0fa6aa94daf1558e44be

Договорот со Нетфликс повторно ги соединува Серкис со Мет Ривс, а двајцата заедно работеа на „Зората на Планетата на мајмуните“ и „Војната за Планетата на мајмуните“.

Во соопштението за медиуми, Серкис вели: „Ние сме премногу среќни што конечно го најдовме совршениот креативен дом во Нетфликс за ова извонредно и безвременско дело на Џорџ Орвел. Дополнително, повторно да се работи со мојот драг пријател Мет Ривс, со неговата акутна чувствителност, раскажувачка интелигенција, искреност и команда во оваа реалност, е да се има најдоброто можно сценарио за нашата заедничка страст да ја оживееме оваа басна.“

andy-serkis-2
(Енди Серкис)

Сѐ уште не е познато дали филмот ќе има своја премиера и ќе биде прикажуван во филмските театри или директно ќе биде пуштен на Нетфликс.

Оние коишто сѐ уште не ја прочитале приказната, треба да знаат дека се работи за книга објавена во 1945 година и која всушност е алегорија и сатира на Русија под капата на Сталин, приказна во која животните креваат револуција против луѓето и ја преземаат контролата врз фармата. Книгата е многу кратка, но се работи за вистинско ремек-дело, моќно и како што е и погоре наведено, ова е една сосема безвременска приказна.

Korica_Zivotinska farma imp
(Македонското издание на „Животинска фарма“)

Доколку ја немате прочитано книгата, топло ви препорачувам да ја прочитате, македонското издание е на издавачката куќа „Икона“ (можете да ја најдете и тука).

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s