Како Емили Бронте инспирирала уметници како Кејт Буш, Силвија Плат и уште многу други…

Непобитен е фактот дека Емили Бронте има оставено неизбришлив траг во историјата на книжевноста, а нејзиниот роман „Оркански височини“ и понатаму влијае на уметниците ширум светот.

emily-bronte-2018-5-15-15-16-21-142

Писателката е родена на 30 јули 1818 година во Торнтон, во близина на Бредфорд. Умрела на 30 години и во нејзиниот краток животен век напишала само еден роман, „Оркански височини“. Куќата во која Емили била родена денес е кафуле во која се служат сендвичи со моцарела. Нејзините сестри Шарлот и Ен, како и нејзиниот брат Бранвел, се родени во истата куќа, но кафулето едноставно е наречено „Емили“.

200 години подоцна, романот „Оркански височини“ и натаму има големо влијание врз читателите и продолжува да биде инспирација за останатите уметници. Еве како нејзиното присуство се чувствува во она што го читаме, гледаме и слушаме.

Кејт Буш

kate-bush-pens-emily-bronte-tribute-for-yorkshire-moors-memorial

Најпознатиот омаж доаѓа од самата песна на Кејт Буш која се вика „Оркански височини“ (Wuthering Heights), а која првпат била промовирана во 1978 година. Маѓепсана од романсата во книгата, Кејт Буш имала само 19 години кога се пробила со оваа песна и стасала до врвот на топ листите за само еден месец. Буш прво ја гледала телевизиската екранизација на „Оркански височини“, а потоа го прочитала и романот.

Таа изјавила: „Филмот длабоко влијаеше на мене и сфатив дека сакам да напишам песна за таа неверојатна фантазија.“

Можеби дополнително ја заинтересирал фактот дека го делат истиот датум на раѓање. Позната музичарка во јули се осврнала на нивната поврзаност и ја напишала песната „Емили“ која е изрезбана во камен.

Слушнете ја и песната:

Маргарет Атвуд

atwood-george-whiteside-event-header-2000-x-1015

Кога некој на Твитер ја запрашал која книга ѝ го променила животот, Маргарет Атвуд одговорила дека тоа е „Оркански височини“ која ја прочитала кога имала 16 години.

Таа за Телеграф изјавила: „Кога тргнав во средно училиште ги прочитав „Гордост и предрасуди“ и „Оркански височини“ и во тоа време пред рок ѕвездите, бев маѓепсана од ликовите на Дарски и Хитклиф.“

Еден од најпознатите романи на Маргарет Атвуд, „Приказната на робинката“ е претворена и во телевизиска серија и креаторот Брус Милер открил дека вистинското име на Офлген е Емили, токму во чест на Бронте.

Лили Кол

s3-news-tmp-37903-lily_cole-2x1-940

Глумицата, манекенка и активистка сега е и режисерка и снима краток филм за Хитклиф, антихеројот на „Оркански височини“. Филмот е модерна интерпретација на првите неколку месеци од животот на Хитклиф, додека живеел како сирак на улиците низ Ливерпул.

Запрашана околу тоа зошто Бронте толку влијаела на неа, Лили Кол во интервју за ББС рекла: „Таа напишала книга во време кога на жените им било многу тешко да станат писателки и да бидат сфатени сериозно. И фактот дека издала книга под псевдоним секогаш ме фасцинирал. Не знаеме многу за неа, таа е вистинска мистерија. Фасцинирана сум од неа, само поради книгата и поради тоа што го има напишано.“

Лили Кол е ангажирана како „креативна партнерка“ за прославата по повод 200-годишнината од раѓањето на Емили Бронте во музејот во западен Јокшир. Нејзиното присуство предизвикало неверојатна гужва, па затоа писателот Ник Холанд во знак на протест го напуштил здружението „Бронте“, незадоволен затоа што главна фигура при прославата на нејзиниот роденден „била манекенка.“

Силвија Плат (и Тед Хјуз)

zyxfgu5wjfalhbeghgmou5wafa

Силвија Плат во 1961 година напишала поема „Оркански височини“. За разлика од Кејт Буш, таа не ја раскажала оригиналната приказна, туку користела слики од празната темнина за да го пренесе пустошот во сопствениот ум. По две години, американската поетеса извршила самоубиство во 30-тата година од нејзиниот живот.

Таа била омажена за поетот Тед Хјуз, кој во 1988 година ја издал збирката „Роденденски писма“ во кој одговорил на некои од нејзините дела. Таа книга содржи и негова песна под името „Оркански височини“ во која повлекува паралела помеѓу Емили Бронте и неговата сопруга. Напишал: „Сѐ вдишуваш длабоко/со љубоморни, противнички вдишувања. Зарем не беше/двојно поамбициозна од Емили?“

Кејт Мос (и 16 други писателки)

katemosse_2638760b

За да се приклучат на годишницата, 16 авторки, помеѓу кои и Софи Хана, Лори Пени и Дороти Кумсон, приложиле приказни инспирирани од „Оркански височини“ за збирката „Јас сум Хитклиф“. Уредничка на збирката е Кејт Мос, авторка и основач на Женска награда за проза, која во предговорот го опишала романот „Оркански височини“ како „роман чии ликови и бои се менуваат при секое ново читање, а сепак останува апсолутно единствен.“

Објаснувајќи ги „амбициозните и бескомпромисни“ квалитети на романот, напишала: „Ова е монументално дело. Ова е роман за природата на животот, љубовта и универзумот, не за деталите од животот на мажот и жената.“

Други начини преку кои Бронте имала влијание…

file-20180720-142432-1ib6tin

Постојат многу британски и американски екранизации на „Оркански височини“, а има и индиска, јапонска и мексиканска верзија. Сер Лоренс Оливие во 1939 година бил номиниран за Оскар за улогата на Хитклиф.

Тимоти Далтон ја играл истата улога во 1970 година, Жилиет Бинош и Рајф Фајнс во 1992 година беа проклетите љубовници. Том Харди глумеше во телевизиската серија во 2003 година, а Каја Скоделраио по две години ја глумела Кети во филмот на Адре Арнолд.

Во 2003 година, MTV, продуцираше сопствена верзија со калифорнискиот рок музичар Хит како главен лик. Сер Кит Ричард го глумеше Хитклиф во мјузикл во средината на 90-тите.

А Кети и Хитклиф се нашле и во скеч на „Летечкиот циркус на Монти Пајтон.“

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s