Чиј глас го слушате додека читате книги?

Кога читате некоја книга, новинарска статија или овој текст, дали ги читате зборовите со некоj свој внатрешен глас?

Истражувањето на професорката Рувани Вилхауер од Универзитетот во Њујорк покажало дека 80,7% од испитаниците понекогаш или секогаш слушаат внатрешен глас додека читаат некаков текст, додека пак 19,3% рекле дека секогаш ги разбираат зборовите како да ги чита некој внатрешен глас. Најголемото изненадување е тоа што процентот не е 100%.

Вилхауер вели дека токму поради тоа што повеќето луѓе, вклучувајќи ги и истражувачите, сметаат дека сите луѓе имаат идентични искуства при читањето, овој феномен не е доволно истражен. Чиј глас всушност го слушаме?

3761766459

Пред три години, Вилхауер пребарувала низ вебсајтот Yahoo Answers и пронашла 136 одговори кои го опишуваат личното искуство при читањето. Анализирајќи ја содржината, дошла до заклучокот кој подоцна и го потврдила преку своето истражување: Повеќето луѓе слушаат внатрешен глас додека читаат, мал процент не слушаат никаков глас, а некои луѓе понекогаш го слушаат тој внатрешен глас. Овие работи зависат од бројни фактори како на пример тоа колку сме заинтересирани за текстот кој го читаме.

Испитаниците на Вилхауер известувале за специфичните аудитивни квалитети на гласот на неповиканиот внатрешен наратор: полот, тоналитетот, силата, емоционалниот тон. Кај некои луѓе се работи за нивниот сопствен глас или гласот со кој обично зборуваат во себе, но кај некои луѓе внатрешниот глас кој се јавува при читањето е сосема различен и припаѓа на сосема различен човек. За оние кои слушаат туѓи гласови, испитувањето навлегло и во тоа дали се работи за директен или индиректен говор, кој лик во приказната зборува, итн.

Едно друго истражување потврдило дека она што го знаеме за авторот може да влијае на тоа како читаме. Ако сте имале можност да го чуете омилениот писател како говори, неговите книги најверојатно секогаш ќе ги читате замислувајќи го неговиот глас, а и брзината со која тој говори може да влијае на брзината со која ќе ја читате книгата.

Истражувачите исто така го скроиле терминот „вкрстување искуства“, за да го објаснат феноменот кога лик од одредено дело почнува да се „меша“ во нашиот секојдневен живот. Имено, резултатите велат дека 1/5 од читателите го слушаат гласот на фиктивниот лик дури и откако ќе престанат со читање. Но, каков глас им даваме на фиктивните ликови?

bookshelf

1/5 од читателите избираат глас кој го користат или го исклучуваат по потреба. Но, често се случува читателот да не може да го контролира непознатиот глас. Можно е фиктивниот лик да нѐ потсетува на некој кој го познаваме во реалниот живот, па затоа и јасно го слушаме. Можеби нѐ потсетува на нас, па затоа и гласот е наш. Ова понекогаш делува и звучи застрашувачки, што не значи дека читањето е стресно, туку дека допринесува да се внесеме во атмосферата на делото.

Читањето во себе е најблиску до внатрешниот глас кој се јавува во моментите кога зборуваме самите со себе, на пример кога замислуваме одредени потенцијални разговори во глава. Неретко во тие случаеви, додека размислуваме како ќе се одвива разговорот, го слушаме и нашиот, но и гласот на личноста со која го очекуваме разговорот. Внатрешниот говор би можел да биде прозорец и пат кон нашиот внатрешен наратор.

Истражувачот Марк Скот од Универзитетот во Британска Колумбија, низ два експерименти ја пронашол поддршката за својата теорија дека постои посебен сигнал во мозокот кој ни помага да ги разликуваме чулните искуства кои самите ги произведуваме од оние кои се предизвикани од надворешни влијанија. Тој сигнал ги предвидува сите нашите движења, па токму и затоа не можеме самите да се скокоткаме. Но, тој сигнал истовремено игра и важна улога во искуството со внатрешниот говор.

Скот дури и наговестил дека сигналот произведува внатрешна копија на нашиот глас во отсуство на надворешен звук, поради што звукот на внатрешниот глас е копија на звукот на нашиот „надворешен“ глас. Оттаму веројатно се случуваат варијациите во гласот додека читаме во себе, а тоа го објаснување копирањето на звукот на познати гласови како авторот на книгата, пријатели, членови на семејството, глумци, писатели…

Читањето во себе користејќи внатрешен глас е добар начин за проучување на безопасното слушање гласови наспроти аудиторните халуцинации. Според сѐ повеќе претпоставки, халуцинациите се само погрешно идентификуван внатрешен говор, припишан на некој друг човек наместо на самите нас. Меѓутоа, токму Скотовата теорија е основниот аргумент против овие две претпоставки, затоа што внатрешниот говор, за разлика од халуцинациите, ретко се случува во туѓ, особено непознат глас, што повторно е случај со гласот кој во себе го слушаме додека читаме. Нема јасни докази, но сигурно постои некаква врска помеѓу овие феномени.

2/3 од испитаниците тврдат дека внатрешниот глас кој ги чита напишаните зборови е нешто што го зголемува уживањето при читањето. Сепак, како и халуцинациите, за оние кои имаат кревко ментално здравје, внатрешниот наратор може да биде извор на стрест, а тоа е токму она што внатрешниот глас го прави комплексен феномен, а психолозите дури сега почнуваат да навлегуваат во суштината на овој феномен.

 

Тука потсетете се на еден постар текст токму на оваа тема.

 

Advertisements

One thought on “Чиј глас го слушате додека читате книги?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s