Предновогодишна книжевна забава на „ТРИ“!

Не престануваат предновогодишните книжевни настани, попусти и различни акции, ова е навистина одличен период за сите љубители на книги.

Денес, со почеток од 19:00 часот, во кафулето „Brown Sugar“ ќе се оддржи предновогодишна книжевна забава на „ТРИ“.

48388497_10161356523050220_987877993164570624_o

На официјалниот настан на Фејсбук, тие велат:

„Крајот на уште една убава и успешна година и влезот во 20-тата година од нашето постоење сакаме да го посветиме на оние што ја прават приказната за ТРИ толку посебна – а тоа е нашето големо семејство на автори и читатели.
Среќни сме што сме куќа на успешни автори кои постојано, на свој начин, ги менуваат животите и световите на многумина. Благодарни сме за огромниот број читатели што постојано нè следат и нè мотивираат да трагаме по нови приказни и префинети авторски дела.
Бидејќи нашите средби најчесто се преку книгите, овој пат решивме барем накратко книгите да ги тргнеме настрана и да направиме средба – во живо.“

Доколку сте читател и љубител на книгите издадени од „ТРИ“, упатете се денес во „Brown Sugar“.

 

 

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s