Што читаше Кафе и книги во декември?

Дојде 2019 година, а тоа значи уште пред нас е цела година и многу можности за читање и уживање во книгите. Кафе и книги ви посакува уште многу прочитани страници и нови книги на вашите полици!

Како што е редот и традицијата, секој месец го започнуваме со објавување на листата со прочитани книги за изминатиот месец.

cover_books_catieviox4

Во продолжение, прочитајте кои книги ги прочитав изминатиот месец, па можеби некоја од нив ќе ви фати око и ќе ја ставите на вашата листа со книги кои сакате да ги прочитате.

Пишувајќи ги изгубените топки“ – Фросина Пармаковска

A-pishuvajkji-gi-izgubenite-topki-

Оцена: 5/5
Осврт: Фросина Пармаковска со право се смета за една од најдобрите модерни писателки во Република Македонија. Нејзиниот стил на пишување едноставно не може да не ве привлече уште од првата страница, а и самите теми кои се обработуваат во нејзините книги се блиски до секој од нас. Главната тема во оваа книга е заборавот, кој често е многу тежок и за кого сѐ уште не сме пронашле соодветен лек. Но, во оваа книга полна со магичен реализам, се чини дека е пронајден лекот за заборавот и тоа од страна на главниот лик. Она што ја прави оваа книга уште поинтересна е тоа што целата приказна и целото дејство ни е опишано преку неколку ликови, па така всушност ние како читатели самите ги составуваме делчињата на приказната и полека одгатнуваме што се случува. Омилен дијалог од книгата ми беше овој:

– „Имаш некоја тага“ – рече.
– „Жити сѐ“ – помислив, „кој нема некоја тага?“
– „Но, твојата е голема и ти се населила во очите“ – рече.

Топло препорачувам да ја прочитате!

ИЗДАВАЧКА КУЌА: КУЛТУРА

За душата“ – Аристотел

ARISTOTEL.CDR

Оцена: 4/5
Осврт: 
Дури и ако не сте љубител на филозофијата, сигурно знаете за влијанието на Аристотел и колку е тој важен за развојот на голем број науки, меѓу кои и филозофијата. Оваа книга се концентрира на душата. Од што е составена, како се движи, дали е душата таа што го движи сѐ она што е живо? Се навлегува и анализира односот меѓу сетилното и логичното. Освен тоа ни дава и преглед на тоа што кажале по оваа тема и филозофите пред него.  Одлична книга, дури и да не сте љубител на филозофија, ви препорачувам да ја прочитате оваа книга која ќе ви ги отвори видиците и во процесот ќе спознаете нешто повеќе за душата, а можеби и за себеси.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: МАГОР

Во водата“ – Пола Хокинс

574_32_21_16__13__11_2017vo-voda-flat

Оцена: 3/5
Осврт: Доколку ја прочитавте „Девојката од возот“, познатиот бестселер на Пола Хокинс со кој се проби на светската книжевна сцена и кој дури доби и своја екранизација, сигурно ќе сакате да ја прочитате и оваа книга, само имајте на ум дека се работи за комплетно различен тип на трилер и оваа книга е сосема поинаква во секој аспект од првата книга. Но, доброто кај Пола Хокинс е што има лесен стил на пишување, па брзо ќе ја прочитате книгата.

Дејството е сместено во едно мало градче, а приказната почнува да се развива откако една самохрана мајка е извлечена од длабочините на мистериозната река околу која кружат многу гласини. Сестрата на жртвата се враќа назад за да се грижи за својата внука која сѐ уште е во шок од она што се случило. Инаку книгата се раскажува од гледната точна на повеќе ликови во книгата и на тој начин го дознаваме и нивниот процес на размислување и што им се врти во главата додека се случуваат работите. Некои работи се малку клише, малку претеран обид да се вметне наративот за патријахатот и има малку клише феминизам кој делува како само да е вметнат  таму затоа што е „кул“ и „ин“, но, сепак е океј книга за после работа и за опуштање.

ИЗДАВАЧКА КУЌА: ТОПЕР

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s