Дали сте слушнале за Габриела Мистрал, првиот Нобеловец од Латинска Америка?

Кога зборуваме за латиноамеркански писатели, особено добитници на Нобеловата награда за книжевност, секогаш прво на ум ни паѓаат Габриел Гарсија Маркес, Пабло Неруда и Марио Варгас Љоса. Но, дали сте знаеле дека првиот Нобелов лауерат од Латинска Америка е жена и дека нејзиното име е Габриела Мистрал? Денес на блогот прочитајте повеќе за нејзиниот неверојатен живот и творештво.

Габриела Мистрал живописно пишувала за животите на сиромашните, напуштените и сите луѓе кои се во незавидна позиција. Преку нејзините зборови, човек може да го слушне копнежливиот глас на љубоморниот љубовник, додека во други зборови, може да се слушне осаменоста на напуштената жена.

Пишувањето на Мистрал во себе го содржи и нејзиниот глас, полн со страст за слободите кои ги носи демократијата за време на политички диктатури и нејзиниот глас е глас кој преку своите поеми секогаш ги бранел политички и економски слабите: жени, деца, различни етникуми, сиромашни луѓе, работници, воени жртви. Сите тие нашле свое место во нејзината поезија, во нејзините статии, а подоцна и во нејзините говори и делувања кога работела во меѓународни организации како претставник од Чиле.

mistral-lead-nova

Иако отворено пишувала за сѐ што ја интересирало, вклучувајќи тука и пријателства, врски, политика, маргинализирани групи кои биле малтретирани, Мистрал сепак била затворена и го чувала својот емотивен живот како најголема тајна и со години и години, други автори и писатели се обидувале да допрат до нејзината суштина и душа преку дешифрирање на нејзините дела. Но, од тоа излегле само шпекулации и озборувања за оваа интровертна писателка.

Она што дефинитивно се знае за нејзиниот живот е тоа дека нејзиниот живот бил проткаен со несреќи. Таа е родена како Лусила Годој Алкајага во едно село Висуња во Чиле, во 1899 година. Нејзиниот татко го напуштил семејството кога имала три години, а потоа заедно со нејзината мајка и сестра се преселиле во едно село на Андите, кое се викало Монтегранде. Здравјето на мајка ѝ било многу кревко, па тоа ја приморало Габриела да почне да работи на 15 години. Со оглед на фактот дека таа била посветена на читање, учење и пишување, Габриела нашла задоволство во тоа што нашла работа како асистенка на професор.

gabriela_mistral_al_ser_recibida_en_chile_tras_ganar_el_nobel

Кога имала 17 години, таа се сретнала со Ромео Урета, работник на железничка пруга, и лудо се заљубила во него. После 3 години, Урета се самоубил. Неговата смрт оставила животна трага врз нејзиниот живот и нејзиното пишување. Но, трагедиите не престанале тука. Многу години подоцна, еден од нејзините внуци исто така се самоубил.

Мистрал го посветила својот живот на нејзината кариера како учителка и на нејзиното пишување. Таа веќе била позната како активист за либерализирање на образованието за жените и за сите општествени класи. Таа пишувала многу статии во весниците во кои се спротиставувала на веќе постоечкиот образовен систем и политиките околу сето тоа. Мистрал особено била соодветна да се бори за неопходните промени во образованието, бидејќи и таа самата немала формално образование кога била млада и сѐ заради нејзиниот општествен статус.

Сепак, таа успеала да стане учителка. Не само што била посветена учителка, но таа постојано менувала работни позиции и постојано одела од еден во друг град. Во 1918 година, Педро Агире Серда, кој во тоа време бил Министер за образование, а подоцна станал претседател Чиле, ја назначил да биде раководителка во еден тип средно училиште во Пунта Аренас. Во 1921 година, Мистрал станала директорка во едно ново и престижно чилеанско училиште за девојчиња во Сантијаго. Но, по една година полна со контроверзии и шпекулации околу нејзиното назначување, таа се преселила во Мексико, каде што работела со Хозе Васконселос, Министер за образование за реформи во училиштата и библиотеките во Мексико.

gabriela-mistral-n

Таа живеела две години во Мексико, а потоа патувала низ САД. Нејзината поезија станала меѓународно позната и Мистрал почнала да патува и во Европа, каде што продолжила да пишува. Таа била назначена како претставник на Латинска Америка во Лигата на нации, а потоа била претставник во Мадрид, Лисабон и Неапол.

Мистрал била наградена и со почесни дипломи од универзитетите во Фиренца и Гватемала. Таа била почесен член на многу културни друштва во Чиле, Шпанија, Куба и САД. Таа предавала шпански јазик во Универзитетот во Порто Рико и во неколку универзитети во САД, од кој напознат е Универзитетот „Колумбија“. Мистрал била меѓу првите која го препознала извонредниот талент на уште еден чилеански поет – Пабло Неруда.

За жал, додека нижела професионални успеси, таа се соочувала со големо страдање и болка во личниот живот. Нејзиниот внук, Хуан Мигел Годој, кој ѝ бил како син, си го одземал животот на 17 години. Ова се случило во 1943 година, на врвот на Втора Светска војна, нешто што исто така длабоко влијаело на неа. Таа имала одлични успеси во кариерата и страдала во тишина. Во 1945 година, Мистрал ја добила Нобеловата награда за книжевност, прва личност од Латинска Америка која ја добила оваа награда и петта жена во историјата на Нобеловата награда која ја добила оваа награда. Во 1951 година ја добила и Чилеанската Државна книжевна награда.

womenthatdid-gabriela-mistral-entity-1320x720-1

Иако била многу зафатена со пишување и различни позиции, Мистрал продолжила да се бори за обесправените. Таа навистина се грижела за маргинализираните луѓе, особено сиромашните деца. Таа била многу гласна во борбата за правото на образование. Таа починала од рак на панкреас во нејзиниот дом во Њујорк во 1957 година, на 67-годишна возраст. Нејзините посмртни останки биле пренесени во Чиле, каде владата прогласила тродневна државна жалост.

Пред нејзината смрт, таа оставила сѐ што имала на децата од селата: Вале дел Елки, Висуња (селото каде што се родила) и Монтегранде (местото каде што пораснала). Таа донирала сѐ за образованието на децата од овие села. Денес, целиот регион околу Вале дел Елки е наречено Рута „Габриел Мистрал“. Речиси и да не постои град во Чиле каде нема барем по една улица именувана во нејзина чест, покрај бројните институции и музеи.

Извор.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s