Животинска или човечка фарма?

Животинска фарма“ на Џорџ Орвел е модерна басна за политиката и државното управување кое е уништено од непоправливите човечки мани кои се појавуваат со доаѓањето на власт. Оваа книга ги опишува политичкото минато, сегашност и иднина на сите држави.

Политичарите, самата власт, па и опозицијата, секогаш се истиот тип на луѓе, со истите цели, копнежи и начини преку кои го остваруваат она што го сакаат. Под маската на доброчинители и ветувањата дека ќе биде подобро кога тие ќе дојдат на власт, успеваат да ги заведат најнаивните, кои некако секогаш ги има повеќе.

maxresdefault

Каков е животот на животинската фарма?

Работилницата е сместена во една англиска фарма „Велепоседничката фарма“, со која раководи господин Џоунс. Тој е немарен газда. Премногу пие, заборава да ги нахрани животните, користи камшик и ги плаши со своите пречести пукања со пушката.

Животните тешко живеат. Имаат малку одмор и малку храна. Меѓутоа, една вечер, Стариот Мајор свикува состанок и зборува за револуцијата, побуната на сите животни од фармата против газдата. Тој укажува на тоа дека човекот е паразит кој не прави ништо, а добива сѐ. Така настанува анимализмот.

„Зошто живееме во овие бедни услови? Зошто кога речиси целиот производ од нашиот труд го крадат луѓето? Тоа е суштината на сите наши проблеми. Собрана е во еден збор: Човек! Човекот е единствениот реален непријател кој го имаме. Тргнете го Човекот и основната причина за гладот и прекумерната работа засекогаш ќе исчезне.“

Korica_Zivotinska farma imp

Три дена после овој говор, Стариот Мајор умира, но останува идејата за фармата на која би живееле само животни. По едно пијанство на господинот Џоунс, животните полни со бес и бунт, со дотогаш поттиснувани желби за одмазда, ги напаѓаат луѓето, ги протеруваат од фармата и таа станува целосно нивна. Но, тука настануваат проблемите.

Животни или луѓе?

Низ навидум едноставна приказна за животните, Орвел успеал да ги прикаже сложените промени во човечкото општество, спуштајќи ги политичарите на ниво на животни, односно спуштајќи ја главната власт на ниво на свињи.

Што се случува кога животните стануваат газди самите на себе?

Ги смислуваат Седумте заповеди на анимализмот:

  1. Сѐ што оди на две нозе е непријател.
  2. Сѐ што оди на четири нозе или што има крилја е пријател.
  3. Ниедно животно не смее да носи облека.
  4. Ниедно животно не смее да спие во кревет.
  5. Ниедно животно не смее да пие алкохол.
  6. Ниедно животно не смее да убие друго животно.
  7. Сите животни се еднакви.

animalfarmpic.crop_541x406_010.preview

Овие заповеди произлегуваат од потребата да се заштитат животните од човековите навики, лошите навики, мрзливоста, пороците. Да се заштитат од човечката алчност, вообразеност, необичност. Но, како што изминува времето, на свињите им е сѐ потешко да се придржуваат до првобитните заповеди, па почнуваат да ги преправаат, бришат и менуваат.

Низ подоцнежната трансформација на Седумте заповеди, се гледа преобразбата која им се случила на животните кога конечно ја зеле власта во свои раце.

Моќта на зборовите

Главното оружје во оваа книга е токму говорот. На почетокот, говорот на Стариот Мајор ја размрдува целата фарма, со својот говор Сноубол привлекува повеќе приврзаници од Наполеон, а Наполеон на Сквилер му ја препушта комуникацијата со другите, затоа што тој е подобар говорник од него.

Со говорот се менува историјата, се прават измени, а и ги убедува животните дека она што го виделе всушност не го виделе.

af1

Наполеон успева да ги убеди сите (освен Бенџамин) дека тој е оној кој ја замислил познатата ветерница која треба да создава електрицитет, па животните така ќе работат само три дена неделно. Истиот принцип го користат и политичарите. Си присвојуваат туѓи успеси, крадат туѓи замисли, од секого го земаат она што е најкорисно, па потоа без грижа на совест го употребуваат тоа. Со уцени и мито доаѓаат до она што го сакаат, а способните луѓе бегаат со наведната глава, без да се свртат назад.

Ветерницата која животните три пати ја граделе ја претставува нивната фарма. Толку труд и напор вложен во она што веруваат дека е големо и важно, а сепак еден ветер може да сруши сѐ, како и еден човек. Кога на крајот конечно ќе биде изградена, не се користи онака како што сакаат животните. Повторно некој на повисока положба одлучувал што ќе биде со ветерницата. Кога најтешкиот дел е завршен, повторно сѐ е препуштено на некој друг, дадено му е на златна чинија која набргу ќе биде измачкана со кал.

Сите животни се еднакви, само некои животни се поеднакви од другите

animalfarm1-660x349-660x349-1

Седумте заповеди сега изгледаат вака:

  1. Ниедно животно не смее да спие во кревет со чаршафи.
  2. Ниедно животно не смее да пие алкохол, премногу
  3. Ниедно животно не смее да убие друго животно, без причина.
  4. Сите животни се еднакви, само некои животни се поеднакви од другите.

Последната заповед стана најцитирана реченица од нашето времето.

„Да, внатре имаше жестока расправија, удирање по маса, остри и сомничави погледи и разлутени деманти. Причината за расправијата, веројатно, била тоа што Наполеон и господин Пилкингтон во исто време имале ас во пик. Дванаесет гласа викаа разлутено, и сите наликуваа еден на друг. Сега сфатија што се случува со лицата на свињите. Суштествата однадвор го менуваа својот изглед од свиња во човек, и од човек во свиња и повторно од свиња во човек: и веќе беше невозможно да се каже кој е кој.“

 

Извор.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s