7 факти за Том Лефрој, кој бил инспирација за г. Дарси од „Гордост и предрасуди“!

Иако Џејн Остин никогаш не го признала тоа, истражувачите со години шпекулираат и мислат дека ирскиот политичар и судија Томас Ланглоа Лефрој бил инспирацијата за господин Дарси од „Гордост и предрасуди“. Она што досега е познато е дека Остин и Лефрој поминале некое време заедно и имало одреден вид на додворување кое траело кратко.

screen-shot-2018-08-10-at-3.17.11-pm

Една година по смртта на Лефрој во 1869 година, еден од неговите внуци во писмо до внукот на Остин напишал: „Мојот починат почитуван вујко…. кажа дека бил заљубен во Џејн, иако рекол дека се работело за момчешка љубов.“

Па затоа мора да се запрашаме, кој бил овој мистериозен човек?

Томас Лефрој бил почитуван и познат политичар

Томас Лефрој се родил во Лимерик, Ирска, на 8 јануари 1776 година и починал на 4 мај 1869 година, на 93-годишна возраст. За време на неговиот дол живот, тој бил главен судија во Кралскиот суд во Ирска и 11 години бил пратеник во Парламентот.

592624-public_domain-wikimedia_commons
(Том Лефрој во неговата официјална судска облека)

Лефрој ја запознал Џејн Остин додека паузирал од студирањето

Откако дипломирал на колеџот „Тринити“ во Даблин во 1795 година, тој се преселил во Лондон за да продолжи да студира право. Според вебсајтот на центарот „Џејн Остин“: „Во одреден момент, било одлучено дека Лефрој треба да направи одмор од студирањето.

Семејната историја тврди дека долгите ноќи над книгите го ослабеле и му наштетиле на неговиот вид и на сите им било јасно дека му било потребен одмор. Со оглед на тоа дека новиот семестар започнувал во јануари 1796 година, Том решил во декември да земе одмор и отишол да ги посети вујко му и вујна му, отецот Џорџ и Ен Лефрој во Еш, место кое било 60 милји оддалечено од Лондон.“

592624-gettyimages-108035898
(Том Лефрој)

За време на неговиот престој кај вујко му и вујна му, Лефрој ја запознал Остин. Овие двајца поминале некое време заедно на неколку божиќни и празнични балови кои се одржувале во тоа време и Остин го спомнала Лефрој во писма упатени кон сестра ѝ Касандра, иако чувствата кои ги изразувала не биле премногу експлозивни.

Таа напишала: „Мислам дека треба да се оддалечам од господинот Том Лефрој во иднина, за кого всушност и воопшто не ми е гајле.“ Но, центарот „Џејн Остин“ потенцира дека иако „тонот на овие писма не звучи како длабоко заљубена жена, важно е да се сфати дека Џејн, која имала 20 години во тоа време, очекувала писмата да бидат прочитани или во најмала рака споделени со семејството Фоул, бидејќи Касандра престојувала кај нив во тој момент.“ Се верува дека за да избегне дополнително посрамување, таа намерно се преправала дека има помалку чувства.

Лефој имал добро срце и бил вистински кавалер, иако имал една маана

Правујкото на Том Лефрој, Бенџамин Лаглоа плаќал за образованието на Том во Даблин. Бенџамин го напишал ова за неговиот правнук: „Има добро срце, добар ум, добар разум и многу малку го поправам за разлика од порано.“

Во едно писмо од 9 јануари 1796 година, Остин во писмо до Касандра го напишала следново: „Тој е вистински кавалер, одлично изгледа, те уверувам дека е пријатен млад човек… Но, има една маана, која верувам дека времето целосно ќе ја отстрани, а тоа е дека неговиот утрински капут е навистина многу лесен и тенок.“

Нивната романса е овековечена во филмот „Создавањето на Џејн“ (Becoming Jane)

Во овој филм од 2007 година, кој е екранизација на истоимената полу-биографија на Џејн Остин, напишана од Џон Хунтер Спенс, Џејмс МекАвој го глуми Лефрој, а Ен Хетавеј ја глуми Џејн. Филмот малку бега од вистинските факти, но навистина ви препорачувам да го гледате доколку сте обожаватели на Џејн Остин и на „Гордост и предрасуди“. Уживав во секоја секунда од филмот и го гледам во секоја можност, без оглед на тоа што знам дека некои настани се преувеличени или променети за драмски ефект. Но, тоа не ја намалува убавината на филмот.

Имено, во едно од своите интервјуа по филмот, весникот „Телеграф“ напишал дека тој „цврсто верува дека Остин имала длабока врска со Лефрој која имала огромно влијание врз нивните животи.“ Тој исто така верува дека Лефрој не би имал ирски акцент и тоа е причината поради која тој во филмот зборува со англиски акцент (тој самиот е Шкотланѓанец). МекАвој рекол: „Навистина би било знак за непочитување за еден Ирец ако му речете дека англиските благородници имале ирски акценти, само затоа што сакате да го вметнете ирскиот шмек за американската публика.“

Џејн Остин никогаш не се омажила, но тој се оженил

Ако толку многу си одговарале, зошто не завршиле заедно? Главниот консензус е фактот дека Остин немала пари и богатство и тоа играло огромна улога. Но во 1799 година, Лефрој се оженил со Мери Пол, која имала пари и наследство. Тие имале 8 деца, а на второто дете и нивната прва ќерка, тие ѝ го дале името Џејн.

Иако обожавателите на Остин сакаат да веруваат дека тука има некаква романтична сентименталност, многу поголема е веројатноста дека името на ќерката е во чест на неговата баба од мајчина страна.

original

Тој се интересирал за астрономија

На 30 март 1846 година, Лефрој го посетил благородникот Вилијам Парсонс за да го разгледуваат неговиот телескоп. Во едно писмо до неговата сопруга, Лефрој го напишал следното:

„Вчера беше многу интересен ден. Лорд Роси и неговата сопруга беа најљубезни со мене. Не можам ни да ги опишам волшепствата на телескопот. Тој, со најголема леснотија каква што човек може да каже: „Дојди да ти покажам едно прекрасно нешто“, ми рече: „Дојди и ќе ти покажам универзум, еден од безбројните универзуми, секој поголем од целиот универзум познат на астрономерите.“

Лефрој го видел Јупитер и бил воодушевен од иструментот.

Луѓето можат да го посетат неговиот гроб

Ако планирате патување во Ирска и сакате да го посетите неговиот гроб, треба да знаете дека се наоѓа во Даблин, на гробиштата и крематориумот „Маунт Џером“.

Извор.

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: