Македонска поезија: „Ајде“ од Игор Исаковски!

Конечно е петок! Петок е среќен и прекрасен ден! Се надевам дека викендов ќе ви помине со одлично кафе и одлични книги! За да може да го започнеме викендот на најубав можен начин, денес на блогот читаме македонска поезија, а изборот падна на една прекрасна песна на извонредниот Игор Исаковски!

Ајде – Игор Исаковски
(не би требало да е тешко)

ајде пак да се гледаме како првиот пат
ослободени од замисли а полни страсни желби
ајде, љубов, како што се сретнуваме со мислите
и пак и пак сфаќаме дека истото го кажуваме

ајде да ги арчиме сите денови и ноќи
со уживање да ги цицаме до срж и крв
и жедта да ја гаснеме со оган, со безброј
жарчиња, со здивови длабоки како ветер

ајде да запалиме уште еден оган
во кој само ние ќе се пеплосаме и од кој
во искри одново ќе се родиме.
не би требало да е тешко.

ајде да пловиме низ деновите
кога песните ни се измолкнуваат
од под прстите – како да се брзи ѕвезди –
а ние да им се смееме: и на песните
и на прстите и на ѕвездите.

ајде да пловиме како облаци
наполнети суштина и сознание:
имаме само сегашност и во неа себеси.
надвор од тоа, минатото и иднината
не демнат како крволочни очи.

ајде да се бакнеме додека се смееме:
да ги измешаме здивовите како чудесна
смеса од која заедно се градиме, како
куќа вон сите светови. таа што ќе не прибере.
таа во која единствено може да не собере.

(не би требало да е тешко.)

loving-young-couple-romancing-at-home-1025097468-ae39ded2bf7e44ee9c277643c0a70d73

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s