Роман на годината е „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски!

Го имаме овогодинешниот добитник на наградата „Роман на годината“!

Скриени желби, немирни патувања“ од авторот Владимир Јанковски, во издание на „Антолог“, е романот кој оваа година се закити со наградата „Роман на годината“, книжевната награда која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Денес во кафе-книжарницата „Буква“ беше обелоденет добитникот на оваа традиционална книжевна награда.

Како што пренесува „Радио МОФ“, Јанковски изјавил: „Литературата и раскажувањето приказни ни се потребни, бидејки прикажуваат дека животот е полн со нијанси, не е црно-бел, туку полн со различни перспективи. Треба сите да се потрудиме литературата и уметноста да допрат до нашите сограѓани, бидејки така создаваме посложена перспектива за животот што нè опкружува. Затоа приказните и литературата се многу битни.“

Како што е наведено во описот за книгата на веб-страницата на „Антолог“:

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.
Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив.
Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето.

За наградата оваа година конкурираа 40 романи, а како и секоја година, изборот се одвиваше во неколку кругови. Во последниот круг, покрај победничкиот роман, влегоа и романите „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски („Или – или“), „Суво мастило“ од Владимир Илиевски („Македоника литера“), „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“) и „Куќа над брановите“ од Билјана С. Црвенковска („Чудна шума“).

Оваа година за наградата одлучуваше жири-комисијата во состав: Оливера Николова (претседателка и минатогодишна добитничка на наградата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и претставничката на фондацијата Катерина Богоева.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 22-ри пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Извор.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s