Македонска поезија: „Таа“ од Анте Поповски!

„Кафе и книги“ продолжува со постирање прекрасна македонска поезија која заслужува да биде споделувана и читана. Македонската поезија е полна со волшебни зборови кои будат најсилни емоции! Денес изборот падна на „Таа“ од Анте Поповски! Уживајте!

Таа – Анте Поповски

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа која бесконечно молчи
и онаа која го слуша моето молчење.

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа која бесконечно чека
и онаа која влегува во своето чекање.

Никојпат не е таа сама.
Таа се две: онаа што е распната
и онаа која ги кове клинците врз себе.

Оваа песна до бесконечности продолжува
зашто никојпат не е таа сама:
сама се чита – сама се пишува:

Сама себеси врата – сама себеси клуч.

vsco5a75cf46ee893

Leave a comment